Конзервираните сардини се најздрав оброк на брза храна

Објавено на 29.12.2017 во 22:05:05 часот | Здравје

Нутриционистите препорачуваат да се јадат барем еднаш неделно, бидејќи со постапката на конзервирање не ја губат хранливата вредност.

Заради распространетоста и количините, ниските цени и достапноста во текот на целата година, сарделите, односно, сардините (лат. Sardina pilchardus) од дамнина ги нарекуваат и хранителки на Медитеранот.

Во поново време ги сметаме и за едни од најздравите намирници на светот.

Сарделите се богати со омега киселини кои се важни за работата на мозокот и срцето. Различни извори се сложуваат дека содржат околу 2 мг незаситени масни киселини по грам, односно, најмалку 1,5 отсто од вкупната тежина на сарделата. Тоа ги става на прво место на извор на омега 3 киселини.

Исто така, обилуваат со лесно сварливи белковини (18,4 грама на 100 грама свежи сардели) и се диетални намирници бидејќи содржат само 135 kcal на 100 грама свежи и 260 kcal на 100 грама конзервирани сардини.

Содржат и значајни количини на железо, калциум и витамин Д па се особено препорачлива храна за жените на средна возраст, за трудниците и за децата.

Особено се здрави малите сардели кои можете да ги јадете цели, со главата, утробата и коските. Така неисчистени имаат 4 пати повеќе калциум од чистените.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

 

 

* реклами:

 

 

Здравје

Македонија