„АЛКАЛОИД“ - ДОБИТНИК НА ЈУБИЛЕЈНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ И НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА ‘ОДНОС КОН ВРАБОТЕНИТЕ’

Објавено на 06.01.2018 во 21:52:12 часот | Бизнис

Во рамки на десеттото јубилејно доделување на Наградата за општествено одговорни практики на македонските претпријатија, во организација на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност, „Алкалоид“ е добитник на наградата за најдобра општествено одговорна практика во категоријата ‘Однос кон вработените’, за проектот „Имплементација на системот за управување со таленти“.

Како една од петте најнаградувани компании во изминативе 10 години, „Алкалоид“ се закити и со Јубилејно признание за општествено одговорни практики.

Почнувајќи од 2009 година, компанијата е осумкратен добитник на признанија од оваа дејност. Досегашните награди на „Алкалоид“ се однесуваат на следниве категории: 

- Етичко управување, во делот на проектот „Кодекс на етичко и бизнис однесување“; 

- Однос кон вработените - за проектите „Менаџмент со човечки ресурси 2009-2011“ и „Имплементација на системот за управување со таленти во Алкалоид“; 

- Вложување во заедницата - за проектите „Политика за општествена одговорност на Алкалоид АД – Симбиоза за поздрав живот и иднина“, „Биди ми пријател“ и „Поддршка за спортот и националните тимови“, како и во категоријата 

- Однос кон животната средина во рамки на проектот „Обновливи извори на енергија и енеретска ефикасност при инвестициски активности“.

Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, секоја година доделуваат награда за големо и за мало/средно претпријатие, во рамки на 5 категории кои ги отсликуваат практиките на корпоративната општествена одговорност на национално ниво.

 

 

* реклами:

 

 

Бизнис

Македонија