СПОРЕД БРОЈКИТЕ, ЦРНО ИМ СЕ ПИШУВА НА АМЕРИКА И БРИТАНИЈА, САМО ГЕРМАНИЈА И КИНА ГРАБААТ ЕКОНОМСКИ НАПРЕД!

Објавено на 15.01.2018 во 15:17:32 часот | Свет

Во денешната светска глобална економија, само Германија и Кина успеваат да профитираат и повеќе да продаваат отколку што купуваат. А токму тоа е формулата како да се збогатиш, и индивидуално и како земја!

Трамп вети дека ќе го промени ова, но тешко, слабо му оди.

Веројатно и Мексико и Индија се во слична ситуација, но ги немаме во моментов тие бројки.

Како и да е, светот го прелева богатството на исток, Кинезите се повеќе се појавуваат и како купувачи на луксузна стока, Германија и затоа расте заедно со Кина, затоа што растот на Кина ја крева Германија затоа што Кинезите купуваат германски коли пред се...

Но Кина и Германија се гладни за енергенси и минерали па од ова ќе профитираат и Русија и Африка каде има многу енергенси и минерали. А и ние продаваме доста руда па ќе заработиме и ние нешто.

Пред се Пробиштип, Каменица, Радовиш, Кавадарци и Скопје каде има металуршки комбинати и рудници.

 

 

* реклами:

 

 

Свет

Македонија