ЛЕТЕЧКИОТ ЏИН ЌЕ МОРА ДА СЕ ПРИЗЕМЈИ: Уште едно промашување на ЕРБАС, по пехот со Конкорд, сега ја утнаа и со џинот А380

Објавено на 16.01.2018 во 01:50:32 часот | Технологија

Се чини само што го пуштија во погон, пред 10 години, сега ќе треба да го пензионираат џинот А380. Ербас по втор пат ја заеба работата, првиот пат беше со Конкорд во кој фрлија милијарди долари за дизајн па беше економски промашај затоа што со звучниот бум од преголемата брзина од два маха беше прегласен за Американските градови па мораше да оперира само од Лондон до Њујорк, а беше премал да може да лета на подолги дестинации па пропадна поради неисплатливост, собираше само 100 патници и трошеше многу гориво.

Сега им се случува обратното со А380, авионот е преголем и прескап, собира 850 патници и чини 500 милиони долари а авијацијата премина во друг мод, се лета регионално од мали на мали аеродроми со мали економични авиони, се заобиколуваат големите аеродроми, па нема кој да го купи величенствениот воздушен млазен дабл декер кој е како диносаурус. Едноставно, Ербас погреши во проценките, тие мислеа дека сите ќе бараат поголеми авиони за помалку пати да мора да слетуваат на писта, но не предвидеа дека сите ќе бегаат од големите хаотични аеродроми и ќе се насочат на малите регионални каде нема гужва.

Цената на еден авион е фантастични 500 милиони долари, досега се продадени околу 220 примероци, од кои сите се купени од Емиратес, Сингапур Ерлајнс и Луфтханза. Има нарачано уште 100 примероци, но анализите се дека нови нарачки нема да стигнат, и за неколку години програмата ќе треба да се укине. А надежите беа големи, 10 години цела Европа заедно проектираше авион во кој се надеваа дека ќе биде авионот со кој ќе лета светот во децениите што се прес нас, ништо од тоа не се оствари.

Линк до сторијата на Њујорк Тајмс, овде.

 

 

* реклами:

 

 

Технологија

Македонија