НОВА БАЛКАНСКА КРИЗА НА ПОВИДОК: Убиен српскиот лидер на Косово, Оливер Ивановиќ, застрелан со 5 куршуми пред партиското седиште во Косовска Митровица

Објавено на 16.01.2018 во 11:23:48 часот | Балкан

Српската влада реагираше жестоко на убиството на лидерот на партијата Граѓанска Иницијатива, Оливер Ивановиќ.

- Ова е обид Србија и Косово да се турнат во хаос! - се вели во соопштението на српската влада.

Докторите во Косовска Митровица пробаа да го спасат но не успеаја. Тој бил погоден со 5 куршуми од напаѓачи кои отвориле оган од автомобил во движење во моментите кога Ивановиќ доаѓал на работа во партиското седиште.

Косовската влада го осуди нападот и рече дека ова е напад врз Косово и правниот систем на новата држава.

Оваа година се полнат 10 години од прогласувањето на независност на Косово. Денеска се одржуваа разговори во Брисел меѓу делегации на Србија и Косово, но разговорите се прекинати веднаш и Српската делегација се вратила веднаш во Белград како знак на протест.

Повеќе за ова на следниов линк.

 

 

* реклами:

 

 

Балкан

Македонија