Почитуван Јове Кекеновски, те молам не се глупирај, не ти личи, ти си еден од најпаметните ВМРО-вци кој најрано се разбуди од кошмарот на Груевизмот

Објавено на 17.01.2018 во 13:11:38 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Овие денови мојот пријател, професорот Јове Кекеновски заедно со професорот од Белград Игор Јанев, седнале па се распишале писма до Нимиц, до ООН, до НАТО, ЕУ, Опра, ФИФА, УЕФА, Црвен Крст, Уницеф, УНЕСКО и бараат цел свет да застанел на страната на Македоња, правдата да победела, името да не сме го мењале, мир во светот, бело голуби да летале на сите страни...

Професоре бе, дај не се брукај, не ти личи, ти си еден од најпаметните ВМРО-вци кој најрано се разбуди од Груевизмот, зошто ти треба сето ова по ѓаволите?!

Ти не си толку наивен за да не знаеш дека во НАТО и ЕУ ќе влеземе само преку компромис со Грција, што тука не ти е јасно?

Каде е проблемот, спорно е дека треба да влеземе во НАТО и ЕУ?! Спорно е колку е тоа важно за нас?

Па дури и во ООН не може да влеземе со уставното име, и тамо ќе не блокираат, но еве да речеме успееме да влеземе во ООН под уставно име, што потоа? Леб и нешто да мачкаме на него од каде?

Да влезеш во ООН без да влезеш во ЕУ и НАТО ти е како да се ожениш, ама да сте и двајцата без работа и без куќа или стан... Влезот во ЕУ и НАТО е како да се вработиш за да раниш фамилија, децата да има што да јадат...

Нам ни треба влез во НАТО и ЕУ, за да се стабилизираме, да нема веќе конфликти попут оној во Диво Насење и упадот на 27-ми април, нам ни треба затворање на прашањето на Македонија, веќе да не се плашиме дали ќе се распаднеме, дали ќе не биде или не...

Влегувањето во НАТО ќе биде вистинскиот наш втори август или осми септември, тогаш светот ќе ни удри печат, дека сме прифатени и дека ќе не биде!

Што овде не ви е јасно на вас двајцата, на стари години да не ве нападнал некој вирус на наивност и неукост?!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија