АЈДЕЕЕ, РЕЖИМСКИОТ СЛУГА ПАНЧЕВСКИ ДЕНЕСКА БРКАЛ КОЛЕГА СУДИЈА СО ПЕНДРЕК ПО СУДСКИ КАНЦЕЛАРИИ И ХОДНИЦИ!

Објавено на 19.01.2018 во 00:24:53 часот | Македонија

Судијата Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд, тврди дека утринава бил нападнат на работното место, односно во судница во Судот за прекршоци.

-Додека бев во судница, влезе Горан Стаменковски, вработен како раководител во Кривичниот суд, и почна да ми се заканува. Извикуваше дека ќе сум видел што ќе ме снашло, а почна да изговара и вулгарности, споменувајќи ја во тој контекст мојата сопруга, изјави за „Фокус“ Панчевски.

Тој појаснува дека сведок на вербалниот напат врз него била записничарката.

-Веднаш повикав полиција, бидејќи бев нападнат на работно место, но оттаму ми кажаа да поднесам приватна тужба, бидејќи така решиле по консултација со јавен обвинител, вели Панчевски.

„Фокус“ стапи во контакт со Стаменковски, кој пак обвини дека Панчевски лаже, и дека тој во неговата канцеларија влегол службено.

-Правевме ревизија во судот, и кога влегов во канцеларијата на Панчевски, јас не ни знаев која е негова канцеларија, тој почна да ми вика излегувај, излегувај. На масата имаше полициски пендрек и го зема, не ме удри, но ме истурка надвор од канцеларија. Обвинувањата на Панчевски се лажни и сега јас ќе одам во полициска станица да го пријавам, ни изјави Стаменковски.

Инаку, Стаменковски го тужеше судијата за мобинг, додека Панчевски беше претседател на Кривичниот суд. Основниот суд Скопје 2 пресуди во корист на Стаменковски, односно потврди дека Панчевски му вршел мобинг. Сепак оваа пресуда не е правосилна, бидејќи Панчевски има право на жалба.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет