ЗОШТО ВО НАТО: Србија веќе ја има нападнато Македонија три пати изминативе 27 години, не се прајте наудрени...

Објавено на 19.01.2018 во 14:45:12 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Србија веќе ја има нападнато Македонија и тоа три пати:

- еднаш кога во 1991-ва го одзеде целото оружје на ЈНА за кое и ние сме давале милијарди долари и ја остави АРМ само со лажици и виљушки во касарните што е невидено злодело и акт на непријателство кон еден народ кој наводно го сметаш за братски, ги искорнаа дури и штекерите, ги спасивме само скапите апарати во воена болница

- втор пат кога му направија атентат на тогашниот претседател кој де факто беше воедно и премиер Киро Глигоров и буквално го разнесоа со динамит во сред Скопје, 

- трет пат во 1999-та кога од Косово набркаа во Македонија околу 500 000 Албанци во обид да креираат етнички конфликт.

Немојте да се правите наудрени дека ова не се десило, ок?

Македонија може да биде нападната не само од копно, туку и со ракети и авиони, значи може да биде нападната од Русија или Кина или било која земја која ќе сака да прави нереди на балканот.

Затоа членството во НАТО е осигурување на нашата безбедност на долг рок. Потоа ќе следат сериозни странски инвестиции и раст со 5% годишно наредните 10 години. Тоа значи дека за 10 години нашите плати ќе се дуплираат а трошоците ќе останат релативно исти...

Така се станува богата земја! Не со барање на гробо на Александар Македонски!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија