Да бидеме реални, скокањето по крстот е голем бизнис, не се луди овие што се фрлаат на минус 10 степена голи во замрзната вода

Објавено на 19.01.2018 во 15:01:01 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Во мало гратче како Кратово, фаќачот на крстот се очекува да заработи околу 5 000 евра.

Уште во моментот кога ќе го фати, он добива подароци од црквата, општината и спонзорите вредни околу 1000е.

Потоа крстот се носи од куќа на куќа цела недела за да се дарува за среќа и здравје, и луѓето во рамки на можностите го китат крстот со 50 до 500 денари по куќа или стан. 

Што е со Битола, Прилеп, Куманово, да не зборам па за Скопје?! Значи сумите тамо се од 20 000е па до 50 000е!!!

А пазете, дечките кои се фрлаат се сите келнери, таксисти, невработени, сиротињи луѓе...

Не велам дека не се верници, но верата не е доволно да те натера да се фрлиш во сред зима во замрзната река полна со гомна. 

За тоа се потребни од 5 000е па нагоре! Особено кога немаш ич во џебот па тие 5000 евра ти се чинат како 5 милиона на нормално ситуиран човек во земјава...

Ај сега продолжете да го дрвите за водици...

п.с И Ванчо Чифлиганец се фрла секоја година по крстот во Охрид, ок, има исклучоци значи, он се фрла за здравје и челичење, Охрид е чист, а некои луѓе како Ванчо се по природа лудаци од раѓање, затоа и станале толку богати...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија