(ФОТО ГАЛЕРИЈА) НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА КАМ МАРКЕТИ: НАПРАВИЈА МИНИ ГРАД ВО ОХРИД СО ХОТЕЛИ, РЕСТОРАНИ, ТРГОВСКИ ЦЕНТАР, ДЕТСКИ ПАРКОВИ!

Објавено на 19.01.2018 во 18:45:24 часот | Бизнис

ТЦ “КАМ VILLAGE” ОХРИД e Kомплекс кој е распослан на 12.000 м2 и стратешки е лоциран да ги спојува градовите во Западна Македонија.

Приказната на содржините на трговскиот центар е инспирирана од ВИЛИЏ стил и се стреми да ги привлече купувачите во пријатна и релаксирачка атмосфера да поминат дел од своето време. Разновидноста на услугите кој ги нуди Комплексот дневно привлекува од 3.000 посетители од различна категорија и возраст. Центарот е најголем трговски Центар во Западна Македонија и претавува еден од уникатните трговски центри во Р.Македонија.

Концептот за Центарот е новиот стандард и начин на трошење на слободното време, во широк спектар на услуги и забава за сите возрасти - хотел, ресторани кафулињата, детски центри, мини плоштад кој нуди простор за секоаков вид на организирање на настани. Со цел да биде домаќин на очекуваниот број на посетители, простророт е дизајниран со огромни внатрешни и надворешни простори. 

Модерната архитектура и дизајн на Трговскиот центар е испирирана од неговата уникатна локација - помеѓу центарот на градот и магистралниот пат кој ги поврзува најголемите градови во Западна Македонија Кичево- Охрид-Ресен-Битола, не заобиколувајки и градовите Дебар и Струга. Од особено значење е тоа што Трговскиот претставува и центар за пограничните градови од соседните земји Р.Албанија и Р.Грција.

Трговскиот комплекс Кам Вилиџ е составен од :
- Трговски центар
- Хотел (со бизнис центар)
- Ресторан 
- Забавен парк
- Лаунџ бар
- Бистро за брза храна
- Отворен и затворен паркинг

Трговски центар содржи внатрешен дел климатизиран и содржи над 40 подавници со различна квадратура и надворешен дел - шопинг улица со 20 продавници.

• Трговскиот центар има Зона 1 и Зона 2 
Вкупна површина од 870м2 распределена по квадратури за секоја дејност одделно:
- Бутици (машка/женска облека)
- Аптеки и здрава храна
- Детска опрема 
- Обувки
- Парфимерии и козметика 
- Мобилен оператор 
- Оптика 
- Банки

Трговскиот центар Кам Вилиџ има одлична местоположба во однос на поврзаноста на Центарот на градот Охрид (1км) со меѓуградска авотобуска станица.(300м) Пристапноста до Центарорт е многу лесна и со автомобил и со јавен транспорт. Центарот нуди извонреден амбиент со одлична комуникација со било кој дел од главниот град.

Основниот концепт на Трговсиот центар е синергија помеѓу трговијата и забавата. Ефектот на решението на внатрешниот простор е воздигнат од мотиви кои создаваат чувство на отворени улици широк простор.

Надворешната шопинг улица претставува простор опкружен со најголем забавен парк во чии склоп се наоѓа ИГРОТЕКА каде дневно има посетеност од 150 до 250 деца со своите родители. Kафе барови, ресторани и деловни простории за издавање со површина од 715 м2(или се прилагодуваат по желба на клиентот) со различна содржина и дејности како што се: продажба на играчки, слаткарници, книги, накит и часовници, етно продавници, фото, текстил, кожа, сервиси за аудио и визуелна oпрема, млечен ресторан, сувенири, спортска опрема ,банки и менувачници.

-Деловните простории се поделени во 6 зони и се состојат од голем изложбен дел, шетачка зона и санитарни чворови.
-Дограмата е од алуминиум со висок квалитет дополнета со термопан стакло кое овозможува добра топлотна и звучна изолација.
-Објектот има алармен систем за заштита од пожар и кражба.
-Објектот поседува централно греење,ладење и хигиенско технички услуги.
-Просториите се квалитетно изработени и добро осветлени.
-Квадратурата на истите е по желба на клиентот.

-Комбинирани подни и соларни системи
-климатизери

-Градски водовод
-Градска канализација
-Телефон

-Затворен и отворен
-Инфо администрација 
-Интернет
-Маркетинг

Хотелот располага со 37 соби и 90 легла, модерно лоби, ресторан, лаунџ бар, кафе бар, конференциска сала. Модерниот стил на уредување е привлечен како за бизнис гостите така и за фамилијарни посетители. Ресторанот кој се наога во рамките на хотелот располага со 110 седишта и ќе нуди можност за организирање на мини семејни прослави, свадби, родендени, крштевки како и професионални деловни средби и состаноци.Конференциската сала е опремена со професионална опрема и има капацитет сод 60 посетители. Секоја соба е опремена со сопствен тоалет , клима уред, тв, интернет и кабелска тв и мини бар.

Игротеката е распостранета на површина од 600 метри квадратни која задоволува сместување на поголем број на деца. Опремена е по најнови стандарди, вентиација и климатизација и светлина. Има внатрешен климатизиран простор и надворешен ден. Располага со најнова модерна соржина за децата која нуди целосна заштита при нивното играње. Ги организираме најзабавните и незаборавни детски родендени за кои комплетно се грижиме да поминат во најдобар ред, ваше е само да закажете термин. Исто така организираме многубројни настани и креативни работилници, караоке забави, натпревари и други анимации каде Вашето дете може да учи, да се дружи и забавува.

Комплекост располага со паркинг од затворен тип, вклучен во престојот и достапен 24 часа. Паркингот е достапен и за надворешни клиенти.

Во склоп на Трговскиот центар сместен e КАМ МАРКЕТОТ со вкупна површина од 615м2 кој преставува ланец на дисконтни продавници за продажба на основни животни намирници и останати производ за секој дневна употреба. Дневната посетеност на истиот се движи од 900 до 1200 посетители.

 

 

* реклами:

 

 

Бизнис

Македонија