ЕКСКЛУЗИВНО - НЕКОЈ НЕКА ГО СМИРИ МАЛИОТ, ТАТКО МУ ВЕЌЕ НЕ Е ШЕФ НА ДБК: Нов инцидент на постариот син на Сашо Мијалков, синоќа во тепачка за девојка извадил пиштол во скопска дискотека

Објавено на 19.01.2018 во 19:21:29 часот | Македонија

Мактел дознава од повеќе извори дека синоќа постариот син на Сашо Мијалков, Јордан, учестувал во тепачка за девојка во дискотеката МАМАС која сега работи под ново име.

Јордан во тепачката извадил пиштол но не пукал туку го користел како орудие да удара со него, успеал да нанесе неколку удари кон човекот со кој бил во дуел.

Дознаваме дека тој човек бил поранешен дечко на сегашната девојка на Јордан Мијалков.

Малиот има проблеми да се навикне дека веќе татко му не е шеф на ДБК и дека се му се може, 10 години младичот е растен така и сега тешко ќе се одвикне.

Побаравме инфо од МВР за настанот, не е познато дали настанот е пријавен во МВР и дали ќе се појави во билтенот.

Мактел го знае идентитетот и на вториот учесник во тепачката и на девојката поради која се тепале.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет