(ВИДЕО) Оливер Спасовски за Водици во Мала Преспа, крстот го фрлил близок роднина на затворениот Едмонд Темелко

Објавено на 19.01.2018 во 23:15:34 часот | Македонија

По повод големиот православнен празник Богојавлние - Водици денеска меѓу Македонците во Пустец, Мала Преспа, беше македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој заедно со претставници на локалната власт и партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ја посети црквата „Свети Архангел Михаил“ во центарот на Пустец и прсуствуваше на положувањето на светиот крст во Преспанско Езеро.

Крстот го фрли отец Алексо Темелко, а најсреќен беше Горан Цале од Пустец.

- Со радост и среќа, заедно со нашите Македонци во Пустец го празнуваме Богојавленије. На младиот Горан му честитам што беше најсреќен, а на сите им посакувам здравје, среќа и благосотојба - рече Спасовски, врачувајќи му на Цале пригоден дар.

Водици беше прославен насекаде низ Албанија каде што живеат Македонци: Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.

- Од утро, Македонците традиционално се собираат во селските цркви, и по литургијата, според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатуваат кон реките во Голо Брдо или во Преспанското езеро во Мала Преспа каде се фрла крстот. Меѓу Македонците во Албанија обичај е оној што ќе го фати крстот, во придружба на група, да ги посетува домаќинствата во населеното место, а го даруваат со пари -изјави Васил Стерјовски.

Откако ќе ги обиколи сите куќи, во секое македонско село, крстот се враќа во селската црквата, каде што останува до следната година.  

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет