БРАВО ЗА ТЕВДО И БРАНЕ: Министерството за финансии направи 12 клучни промени со кои е подобрена транспарентноста

Објавено на 30.01.2018 во 14:48:11 часот | Македонија

30 јануари 2018 година, Скопје - Министерството за финансии денеска со свој претставник учествуваше на презентирањето на Извештајот на ЦЕА за финансиска транспарентност според податоци собрани до 31.12.2016.

Од јуни 2017 до денеска, министерството за финансии направи 12 клучни промени за подобрување на транспаретноста со кои се објавени податоци кои дотогаш не биле достапни за јавноста:

  1. Објавени се извештаи за извршувањето на Буџетот по буџетски корисници на месечна основа;
  2. Исто така, се објавуваат и извештаи за извршувањето на Буџетите на Општините на квартална основа;
  3. Се објавува квартален извештај за извршување на Буџетот на општата Влада;
  4. Подобрен е полугодишниот извештај за извршување на Буџетот на РМ и тој за прв пат содржи детални податоци за сите Буџетски корисници;
  5. Објавени беа сите доспеани и неплатени обврски со пресечен датум 31.05 на сите буџетски корисници, јавни претпријатија и општини;
  6. За 1 пат од независноста на Република Македонија беа објавени податоци за распределбата на доходот на граѓаните, врз основа на податоци на УЈП;
  7. Објавен е „Граѓански Буџет“ врз основа на податоците од Ребалансот на Буџетот за 2017 година;
  8. Објавен е и „Граѓански Буџет“ врз основа на податоци за Предлог-буџетот. Исто така изработени се и „Граѓански Буџети“ од страна на сите министерства за нивниот нивните поединечни буџети;
  9. За прв пат од независноста на Македонија, Министерството за финансии направи јавна дебата за Буџетот и тоа пред истиот да влезе во Владина постапка. На дебатата присуствуваше Невладиниот сектор, експертска јавност, коморите, синдикатите, како и претставници од меѓународните финансиски парнери на РМ;
  10. Направени се законски измени со кои се воведе обврска сите буџетски корисници и јавни претпријатија своите завршни сметки да ги објавуваат на своите веб страни и да бидат достапни за јавноста;
  11. Се наметна обврска до буџетските корисници и јавните претпријатија сите договори за јавни набавки и анекси да ги објавуваат на електронскиот систем за јавни набавки - e-nabavki и истите се достапни до јавноста;
  12. Променета е веб страната на министерството во насока на полесен пристап до извештаи и информации за јавноста. Сега сите податоци се достапни и во ексел формат.

Портпаролката на Министерството за финансии, Јована Аврамовска, истакна дека министерот за финансии заедно со вработените секојдневно работи на отворањето на податоците и дека тоа е еден од клучните приоритети на Министерството и владата.

Транспарентноста како што рече има бројни придобивки, како притисок од јавноста за подобро трошење на парите на граѓаните, зголемена одговорност и контрола на носителите на Власта и достапни информации и податоци за истражување за експертската и научната јавност, стопанскиот сектор и истражувачките новинари.

- Она кое можам да го најавам е дека Министерството за финансии нема да застане тука, 2018 година ќе ја одбележи уште поголема проактивна транспарентност со цел да објавиме што е можно повеќе информации важни за јавноста, заклучи таа.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет