МВР И ЦАРИНА РУШАТ СВЕТСКИ РЕКОРДИ: На грчка граница запленети 300 килограми дрога!!!

Објавено на 30.01.2018 во 19:13:19 часот | Македонија

Царинските службеници на граничниот премин Богородица, на влез во Република Македонија запленија околу 300 килограми марихуана.

Имено, на 28 јануари 2018 година, на влез од Р. Македонија на  царинска испостава Богородица – отсек за патнички промет, со транзитен царински документ се пријавил осомничениот Е.П (36) грчки државјанин кој управувал товарно моторно возило со грчки  регистарски таблички. Дел од стоката (облека, рутери, профили, канти поликолор и др.) која ја пријавил за царинење била натоварена во Атина, Грција и истата според документи требало да биде пренесена до Германија, додека пријавениот ориз од Камбоџа требало да биде транспортиран до Холандија.

700x450-crop-90-dsc03831

При прегледот на стоката сместена во полуприколката од возилото, царинските службеници забележале 4 дрвени палети на кои биле сместени вкупно 95 полиетиленски вреќи, кои според фактурата требало да бидат наполнети со ориз. По отворањето на сите вреќи, во дел од нив  сокриени низ оризот, пронајдени биле вкупно 75 алуминиумски вреќи обвиткани со проѕирна стреч фолија наполнети со марихуана со тежина од околу 300 килограми. Марихуаната требало да  биде пренесена до нарко – пазарите во земјите од западна Европа. Вредноста на запленетата наркотична дрога при продажба на големо би достигнала износ од околу 800.000 евра.

700x450-crop-90-dsc03841

Осомничениот Е. П. е лишен од слобода, а Царинската управа на Република Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет