Почина еден од најдобрите балкански глумци, Небојша Глоговац

Објавено на 09.02.2018 во 20:33:21 часот | Филмови

Српскиот актер Небојша Глоговац (48) починал утринава, пишуваат медиумите во таа земја.

Како што неофицијално дознава српски „Блиц“ тој починал утринава во Институтот за онкологија во Белград каде што беше примен како итен случај пред 10 дена.

Тогаш медиумите пишуваа дека познатиот актер е тешко болен и дека неговата здравствена состојба е многу сериозна.

Утринава на социјалните мрежи од Глоговац се збогува и неговата колешка Наташа Нинковиќ.

– Засекогаш во моето срце. Со ангелите, мил мој… – напиша актерката.

Една од неговите подобри улоги по која ќе го памтиме е од филмот Буре Барут:

 

 

* реклами:

 

 

Филмови

Македонија