Ултра распродажба: „Капитол мол“ со 3 дена попусти, шопинг и забава

Објавено на 15.02.2018 во 21:21:15 часот | Бизнис

Деновиве во „Капитол мол“ во Скопје се подготвува долгоочекуваната ултра распродажба. Со цел да се триплира искуството, во трговскиот центар попустите ќе траат три дена, од 16 до 18 февруари.

Со попусти до 70 отсто се очекуваат илјадници луѓе да го посетат „Капитол мол“. Секој кој е цврсто убеден во својот стил, ќе ја има можноста да го пронајде своето омилено модно парче додека трае оваа ултра промотивна акција. Попустите ќе важат во речиси сите продавници и може да се најдат прекрасни модни додатоци како часовници, декоративна козметика и облека. Љубителите на шопингот кои ќе бидат дел од ова ултра-уникатно искуство ќе го освежат својот стил и ќе ја надополнат својата гардероба со омилените производи.

Во „Капитол мол“ можат да се најдат популарните Sport Vision, Top Shop, Tom Tailor, Tudors, Lisca, LC Waikiki, Koton, dm, Setec, Крш, Carter’s, Original Marines, Tilla, b watch, Еликсир ексклузив и други. Покрај шопингот, за време на распродажбата, целото семејство може да се забавува во 4Bowling, додека малите уживаат во Kids Park.

Со години „Капитол мол“ посветува исклучителна грижа за сите свои посетители преку организирање на забавна програма, интересни активности и незаборавни промоции, во секој дел од годината. Секој кој го посетува „Капитол мол“ е сведок на уникатно и пријатно искуство, исполнето со забава, среќа и радост.

 

 

* реклами:

 

 

Бизнис

Македонија