ИСПОВЕСТ НА ДОКТОР ЖАН МИТРЕВ: Хари Костов ми даде 2 милиона евра кредит од Комерцијална Банка еден ден пред истекувањето на рокот за плаќање комуналии за новата болница, инаку ќе ми пропаднеа 2 милиона евра платени за земјиштето, вечно ќе му бидам благодарен, ми се плачеше кога ги видов парите на сметка!

Објавено на 25.02.2018 во 09:31:14 часот | Македонија

- Ниедна банка не сакаше да ми даде кредит, владата беше решила добро да ме измузе, ми земаа 2 милиона евра за земјиштето и ми бараа уште 2 милиона евра за комуналии, и тоа со рок од 3 месеци ако не платам да ми се земе земјата и да ми пропаднат парите, а плус ми начукаа 100 000е кирија месечно за стариот објект во воена болница.

Кога дојде последниот ден за плаќање на комуналиите, отидов кај Хари Костов, никогаш пред тоа го немав видено човекот, му кажав дека ако не ми даде кредит од два милиона евра до утре ќе пропаднам и ќе банкротирам, он ми рече, без гајле, имаш!

Ја мислев ме зафркава, затоа што прв пат ме гледа на жими мајка, без гаранција без ништо кој ти дава 2 милиона евра, утре кога ги видов парите на сметка ми идеше да плачам на глас, вечно ќе го паметам овој човек, без него немаше да има сега болница...

Исповест на доктор Жан Митрев во интервју за Зоран Божиновски. 

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет