Почина Давиде Астори, капитенот на Фиорентина, Буфон му посвети трогателен текст

Објавено на 05.03.2018 во 10:54:18 часот | Спорт

Фудбалерот на Фиорентина, Давиде Астори, починал утринава во сон, во хотел во Удине.

Капитенот на „виолетовите“ не се разбудил во хотелот во кој престојува целиот тим, во пресрет на натпреварот против Удинезе, во Серијата А.

„Фиорентина е длабоко потресена. Апелираме на чувствителност кај медиумите, пред се од почит кон неговото семејство“, објави клубот на официјалната веб-страница. пишува во соопштението.

Дуелот кој требаше да се игра од 15 часот, е одложен.

Астори имаше само 31 година. Првите фудбалски чекори ги направи во Милан, а потоа играше и за Калјари, Кремонезе и Рома. Од 2015 година беше дел од Фиорентина.

На Италијанецот пред две недели му се роди првото дете, а само пред неколку дена стави потпис на нов договор со клубот.

Причините за смртта засега се непознати. Според некои шпекулации се работи за срцев удар или за мозочен удар. Претходно немал историја на никакви здравствени проблеми.

 

 

* реклами:

 

 

Спорт

Македонија