(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СЕКОЈ ШТО ЌЕ ОТВОРИ НОВА ФАБРИКА ВО МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ДОБИЕ ОРДЕН ОД ДРЖАВАТА: Макпрогрес Виница со нов капацитет и нов бренд

Објавено на 07.03.2018 во 10:11:29 часот | Бизнис

 

Макпрогрес Виница со нова инвестиција и нов иновативен бренд Фантазија

 

Реномираната македонска кондиторска компанија Макпрогрес  денес и официјално пушти во употреба нов погон за производство, преработка и пакување, истовремено и зголемувајќи го своето семејство на брендови со нов бренд Фантазија.  Станува збор за линија на полуготови производи создадени според потребите и барањата на модерните потрошувачи.

Инвестицијата е во вредност од 650.000 евра,  ќе обезбеди нови вработувања, како и зголемување на извозните капацитети на компанијата.

Технолози, дизајнери и маркетери од Макпрогрес повеќе од две години работеа околу креирањето на асортиманот, неговото тестирање и лансирање. Фантазија нуди иновативни производи, нешто што за прв пат се нуди во светот, како на пример солени мафини и крекери кои се идеални и брзи за подготовка на појадок или ужинка. Асортиманот вклучува разни мисови за секогаш успешна подготовка на колачи, крекери, мафини како и голем избор на додатоци и декорации за десерти.

 “Како што кажува и самото име Фантазија, се работи за фантастичен избор на полуготови јадења, подготвени според желбите на модерните потрошувачи, кои имаат се помалку време за готвење, а сакаат здраво и убаво да се хранат. Долго време, можеби повеќе од две години се подготвувавме и работевме напорно на создавање на Брендот Фантазија. Тргнавме од идејата дека сакаме да имаме здрави производи кои ќе се подготвуваат за кратко време, а ќе бидат наменети за сите оние кои сакаат повеќе време за себе и дружење со најблиските, изјави Извршниот Директор на Mакпрогрес г. Глигор Цветанов.

Со своите континуирани инвестиции и висока стапка на раст, Макпрогрес повторно го потврдува својот епитетит на  една од најголемите прехранбени индустрии во Република Македонија, на иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите, и која создава високо конкурентни брендови кои можат да се носат со останатите на конкурентните светски пазари.

Макпрогрес  е и една од најуспешните извозно ориентирани компании, чии производи се продаваат на пазарите во над 55 држави во светот.  Двигатели на македонската економија, компанија која придонесува кон севкупниот развој на домашната економија, со амбициозна цел, до 2020 година да го зголеми производниот капацитет двојно од оној во 2014.

Успехот на компанијата значи успешна приказна и за семејствата во Кочани, Виница и многу други градови од Источна Македонија бидејќи скоро и нема семејство во овој регион кое нема барем еден вработен во Макпрогрес. Со новата инвестиција компанијата достигнува бројка од 750 вработени и со тоа претставува најголем работодавач од прехранбената индустрија во источниот дел на Македонија.

МАКТЕЛ ИМ ЧЕСТИТА ЗА НОВИОТ КАПАЦИТЕТ И ИМ ПОСАКУВА ДА ИМ СЕ ОСТВАРАТ ПЛАНОВИТЕ ЗА ВО ИДНИНА, СЕКОЈ ШТО ЌЕ ОТВОРИ ФАБРИКА ВО МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ДОБИЕ ОРДЕН ОД ДРЖАВАТА

 

 

* реклами

 

 

Бизнис

Македонија