Видео порака од заменичката на генералниот секретар на НАТО Роуз Готемелер до министерката за одбрана Радмила Шекеринска и жените во Република Македонија

Објавено на 08.03.2018 во 19:56:33 часот | Македонија

 

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер, испрати специјална видео порака до министерката за одбрана Радмила Шекеринска и жените во Република Македонија.

Во пораката, заменичката на генералниот секретар на НАТО, Готемелер, вели:

„Денеска  го одбележуваме Меѓународниот ден на жената. За нас во НАТО, денеска, како и секој ден, го промовираме учеството на жените во сите области на безбедноста и одбраната.

Жените можат да претставуваат и навистина се катализатор за мирно решавање на конфликти.

Ние можеме и играме водечка улоги во спречувањето на конфликтите и во зајакнувањето на владеењето на правото и доброто управување.

Ние знаеме дека мирот најдобро може да се гарантира преку инклузија. Ние знаеме дека, иако треба уште многу да направиме, сепак напредуваме.

Сакаме НАТО да биде глобален лидер за еднакви права и еднакво учество на жените. Знам дека и вие сте посветени на тоа, и би сакала да и оддадам признание на вицепремиерката Шекеринска и нејзиниот тим за нивната работата во оваа област.

Ви благодариме и имајте одличен Меѓународен ден на жената“.

Пораката на Готемелер беше емитувана на трибината во организација на министерството за одбрана на тема „Родова перспектива во одбраната“ по повод Меѓународниот ден на жената.

 

Скопје, 08.03.2018 година

Со почит, 

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МЕДИА И МУЛТИМЕДИЈАЛНА РАБОТА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет