Честито почитувани сограѓани Албанци, сега мораме да работиме на намалување на омразата меѓу Албанците и Македонците, 12 години труење на народот од разни Ефтовци, Миленковци, Латаси оставило длабоки резови во нашето општество!

Објавено на 15.03.2018 во 09:03:55 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Честито драги сограѓани Албанци, го добивте она што ви следува и што го заслуживте. Драго ми е за вас. Се радувам на вашите нови права со што животот во Македонија значително ќе ви се подобри. Ова се емотивни и историски моменти за вас, ви честитам.

Сега треба да се посветиме сите од најниско до највисоко ниво да ја подобриме толеранцијата и да ја намалиме омразата меѓу двата народа, волку омраза не е здрава за една мала држава. Омразата е крената толку високо што потсетува на омразата меѓу Хрватите и Србите пред војната во екс југославија.

Значи 12-те години плукање и оцрнување на Албанците и креирање од нив на некакво страшило, раните од конфликтот кои никако да зараснат, политичката злоупотреба од ВМРО ДПМНЕ која за да се спаси од пад се фати за национализмот како сламка за спас, сето тоа придонесе во моментов тензијата и омразата едни кон други да е на максимално ниво.

Искрено, јас мислев дека по отворањето на Заев кон Албанците и по добивањето на Арачиново и слични места каде СДСМ никад нема победено, мислев дека малце ќе се подобри ситуацијата, но сум се излажал. Омразата е во неверојатно високи количини и ќе ни треба системско делување, не само политички изјави и апели, ни треба можно државно делување преку масивна пропаганда за да се излечи организмот од вирусот на омразата и национализмот!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија