(ФОТО ГАЛЕРИЈА) По повод светската недела на глауком, Систина Офталмологија бесплатно мереше очен притисок и делеше совети на над 300 лица во Скопје, Тетово и Битола

Објавено на 19.03.2018 во 21:14:03 часот | Здравје

И оваа година, овозможивме бесплатно мерење на очен притисок и советување на над 300 лица во Скопје, Тетово и Битола, по повод Светската недела на глауком 👁️‍🗨️

Нашите пунктови беа поставени за граѓаните да можат да го измерат очниот притисок, но и да се советуваат и за други болести на очите како катаракта, дијабетична ретинопатија. Глаукомот, како болест на окото може да настане како резултат на покачен очен притисок, кој не пројавува никакви симптоми се додека не е доцна. Навременото дијагностицирање и третман го спречува неговиот развој и оштетувањето на видот.

 

 

* реклами:

 

 

Здравје

Македонија