И JAX JONES НА OHRID CALLING 2018- МОЖНОСТ ЗА БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ!

Објавено на 19.03.2018 во 23:19:19 часот | Забава

Драги пријатели, 
Со големо задоволство Ви го најавуваме настапот на една од најактуелните хаус ѕвезди во моментов, новиот хитмејкер JAX JONES на OHRID CALLING 2018, вечерта на Илинден, нa 02 август, помеѓу големите фестивалски настапи на Dimitri Vegas & Like Mike (на 01 август) и Armin van Buuren (на 04 август).

Токму поради тоа, Авалон Продукција одлучи дека сите што ќе набават блок влезници за двата фестивалски денови (за 01 и 04 август), со истите да може БЕСПЛАТНО да присуствуваат на денот на настапот на JAX JONES на главната сцена на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид!

Сите оние, пак, кои ќе сакаат да го гледаат само неговиот настап на OHRID CALLING, а немаат набавено блок влезници, тоа ќе може да го сторат со купување на влезници по многу популарни цени од:

500 денари ПАРТЕР
700 денари ФАН ПИТ

JAX JONES го запозна јавноста со синглот „You don`t know me“ кој молскавично одекна во светската музичка индустрија, се најде на врвот на сите топ листи и за кратко стана и огромен клубски хит.

На годинашните БРИТ награди овој млад диџеј доби и номинација за оваа песна и тоа во категоријата за „Најдобар сингл“. Неуморниот Англичанец неодамна ја објави и нумерата „Instruction“ со глобалната поп сензација Demi Lovato, а моментално е актуелен со „Breathe“ која ја освојува светската музичка сцена.

Влезниците за JAX JONES ќе бидат пуштени во продажба во сабота, од 09 часот наутро преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн.

Ве потсетуваме дека влезниците за Dimitri Vegas & Like Mike и Armin van Buuren можете да ги набавите по цени од:

Единечни:
1000 денари ПАРТЕР 2
1500 денари ПАРТЕР 1
2000 денари ФАН ПИТ

Блок билети за двата фестивалски денови:
1.600 денари ПАРТЕР 2
2.100 денари ПАРТЕР 1
3.000 денари ФАН ПИТ

Одиме понатаму,
Авалон Продукција

 

 

* реклами:

 

 

Забава

Македонија