РЕЦЕНЗИЈА НА ПОРТАЛОТ СДК ЗА НАЈНОВИОТ ФИЛМ НА МАНЧЕВСКИ: Големиот мајстор пак направил бриљантен филм кој те остава без зборови!

Објавено на 24.03.2018 во 12:52:19 часот | Филмови

Има едно страшно сознание што извира од суштината на сите филмови на Милчо Манчевски – дека човекот секогаш губи. Најсилно извира од „Бикини Мун“, неговиот брилијантен петти филм, со кој Манчевски се потврдува како еден од најиновативните и најоригинални уметници на денешнината, мајстор кој суверено владее со раскажувањето приказни.

„Бикини Мун“ е приказна за Бикини Мун Дејвис, жена војник вратена од Ирак каде што доживеала нервен слом, сега е бездомничка во Њујорк и едвај се држи во едно парче, а надлежните ѝ ја одзеле ќерката. Во еден шелтер центар ќе ја открие филмска екипа што снима документарец и ќе ѝ се залепи да ѝ го снима животот, а патем ќе се обиде и да ѝ помогне. И додека филмаџиите се опседнати со својот филм, Бикини им полудува пред очи, ама тоа што постојано ја гледаат низ камера не значи дека може да ѝ ја видат маката и да сочувствуваат со неа. Таа страда сама во своето лудило, невидлива за себичниот, воајерски поглед на другиот. Затоа и ќе избере да си остане во својата фантазмагорична стварност, реалност создадена во нејзината глава.

Можеби баш тоа е вистината што најмногу растревожува во овој филм и те остава занемен од мака.

Целата рецензија на СДК.МК

 

 

* реклами:

 

 

Филмови

Македонија