Не очекувајте македонската елита да ја прифати идејата за прогресивен данок, сите елити во светот се себични, али македонската е нешто специјално, нема поголеми гадови од македонските богаташи

Објавено на 30.03.2018 во 21:40:04 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Не очекувајте уредници на медиуми, лидери на невладини, бизнисмени да ја прифатат идејата за прогресивен данок, они се до смрт уплашени дека наместо 50 пати годишно ќе може само 40 пати да идат на шопинг во Солун и на кафица на пристаништето...

Тој висок стил на живот не смее ништо да го наруши, јебеш ти општествена одговорност и некоја тамо јебена сиромаштија која требало да се помогне...

Сите елити во светот се себични копилиња, но нашата елита е нешто специјално. Сум бил келнер во САД, Англија, Карибите и Македонија.

Во светот богаташите те гледаат како човек, ти даваат бакшиш во десетици долари, просечно 10% од износот на сметката, ти викаат фала кога ќе им донесеш нешто на маса.

Нашите богаташи те гледаат со презир, ароганција, надменост. Бакшиш не оставаат. Еднаш служев едни банкари во Ајриш Паб во 2002-ра, како вчера да беше, изедоа и испија над 10 000 денари, ги служев цел ден, платија со картица кои тогаш беа новост, и не оставија ниту еден ебен денар.

Има и други анегдоти, сум работел и како лопатар на градежна локација, не користеа како амали за се и сешто, не даваа шлемови, опрема, не се грижеа дали ќе умреме од тоа скелињата...

Нема човечност, нема емоции, нема грам разбирање. За разлика од тоа, во Англија и САД газдите навистина се грижеа за своите работници, со исклучок на бродовите за крстарење, тие се посебна приказна.

Не знам зошто нашите богаташи градат цркви а не народни кујни, не знам зошто немаат навика да споделат богатство со донации на болници, библиотеки, стипендии. Секако има и исклучок од тоа правило, но...

СДСМ ќе ја налути и изгуби елитата со прогресивниот данок. Ама кој ги ебе, треба да се мисли на народот.

п.с Нека не се лутат спонзорите и донаторите на Мактел. Тие се исклучок, и тие самите тоа го знаат.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија