Геро зошто толку многу ги мразиш младите?

Објавено на 01.04.2018 во 23:41:14 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Полека почнувам да ја сваќам омразата на Геро кон мене. Па он ме мразел затоа што сум некаде 10-20 години помлад од него...

Тоа се гледа овие неколку месеци каде тој нема ден а да не бара оставка од младите во владата, он ги нарекува дечурланата, не им било местото тамо...

А збориме за луѓе кои се над 30 години. Во 90-тите, такви водеа држава буквално, збориме за Фрчко, Бранко, Љубчо, подоцна и Грујо почна со министерување на 30...

Сега такви луѓе се на споредни функции, разни асистенти, ситни директорчиња, додека главните функции ги имаат искусни тешкаши како Заев, Радмила, Кочо, Шилегов, Џафери, Димитров, Стево од позадина...

Тевдовски е малце помлад, и неколку градоначалници кко Богоев, Бочварски, потоа пратеникот Кирацовски итн... Тоа е новата надеж на СДСМ, кога ќе решат да се пензионираат Заев, Радмила, Стево, Шилегов...

Зошто толкава омраза кон младите, не разбирам? До толку ли се има Геро внесено во некаква рововска битка за чување на позиција од страв дека некој помлад јунец ќе му ги земе кравите и ливадата?

Тој кога бил млад, нели му биле дадени шанса да води редакции и да се докажува, зошто сега води војна со младите и само вреви и крека и пишти и фрла со дрва и камења по младите?

Младите и старите секогаш треба да кохабитираат, заедно, на младите треба да им се даваат шанси и да кроз одговорности и работа учат од грешките и од советите на старите.

Чудна е оваа опсесија на Геро со омладината, некаква омраза има кон неа, параноја, хистерија, невиден анимозитет.

Интересно е што тој од првиот брак има деца кои се токму некаде кон таа возвраст, накај 30, нема ли да биде среќен ако некој нив им даде шанса, одговорност да се покажат, да почнат кариери, да преземаат ризици?

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија