Предлог вкусни јадења за Велигден

Објавено на 04.04.2018 во 13:12:49 часот | Кујна

Велигден е најголем христијански празник, ден на Христовото воскресение. Православните христијани со неизмерна радост го очекуваат големиот и најстариот христијански празник, кој се празнува уште од вториот век. Вапсаното јајце е симбол на Велигден и претставува симбол на новиот живот по Христовото воскресение.

Во Македонија, Велигден има големо значење и се празнува според сите адети и обичаи. Трпезата е полна со шарени јајца, вкусни јадење, а целото семејство се собира и се создава прекрасна атмосфера на блискост. Во минатото за да се добијат јајца во различни бои, се користеле растителни бои, односно пигмент од цвеќиња и растенија. Лушпата од црвениот кромид ја дава најубавата темно-црвена или темно-виолетова боја. Традиционално, јајцето се вари заедно со лушпите од кромид. Наместо кромид може да се употреби и цвекло. Еднобојните, црвени јајца, со употреба на разни техники, може да се претворат во мали ремек-дела. Најоригиналните шари се добивале кога пред варењето и вапсувањето на јајцата, се лепеле цветови или листови од растенија. По вапсувањето тие растителни делови се отстранувале, а на лушпата останувал отпечатокот од ликот на апликацијата.

Покрај јајцата во боја, кои се неизбежен дел од велигденската трпеза како во Македонија, така и во другите држави, се подготвуваат вкусни специјалитети кои се поставуваат на трпезата. По завршувањето на велигденскиот пост кој трае 40 дена, а завршува на Велигденската недела, трпезата се полни со раскошни велигденски специјалитети. Првиот велигденски ручек го претставува крајот на велигденскиот пост, па затоа е неопходно јадењето да биде вкусно, убаво сервирано на убаво украсена маса. Подготвување на велигденската трпеза претставува радост и блискост во семејството, а покрај шарените јајца на трпезата се сервира печено месо и други деликатеси. Најпознато традиционално јадење во Македонија е „велигденска капама“, приготвена од јагнешко месо, како и печено јагнешко, различни вкусни салати, погача замесена во различни форми, вкусен зелник или некој друг специјалитет од нашата традиционална кујна. Десертот е неизбежен детаљ од велигденската трпеза а во Македонија обично се приготвуваат баклави, кадаиф и други вкусни торти и ситни колачиња. Приготвување и декорирање на велигденската трпеза останало како традиција од минатото, па нашите баби и дедовци не можеле да започнат со празнување на големиот христијански празник Велигден без трпезата да биде поставена и полна со вкусни јадења.

Додека велигденските подготовки се во тек, Скопје Сити мол се погрижи празнувањето да ви биде уште позабавно и покреативно. Украдете некоја идеја од македонската софра поставена на главниот влез во Скопје Сити мол, а дознајте и како другите држави го празнуваат Велигден. Прошетајте се низ шарениот Велигденски свет без граници во Скопје Сити мол и биде подготвени за најголемиот христијански празник Велигден.

За сите случувања по повод Велигден во Скопје Сити мол дознајте на нивната официјална веб страница.

 

 

* реклами

 

 

Кујна

Македонија