Пивара Скопје ќе донира бесплатни школи за родителство кои ќе се отворат во Скопје, Битола и Гостивар

Објавено на 04.04.2018 во 23:28:09 часот | Здравје

 

Во здравствени установи во Скопје, Битола и Гостивар, ќе се отворат бесплатни школи за родителство, кои ќе ги обучуваат младите родителите за потребите на нивните бебиња. Школата во Скопје ќе се отвори во поликлиниката Јане Сандански, во Битола во Клиничката болница, а во Гостивар во општата болница.

Проектот се реализира во соработка меѓу Министерството за здравство и компанијата Пивара Скопје. Финансиите ќе се обезбедат така што по еден денар од секое продадено шише вода Роса од 1,5 литри, ќе се слева за потребите на проектот.

Во рамки на школите ќе вклучат и патронажни служби заедно со обучен и стручен тим од педијатри, гинеколози и акушерки.

-Во обуките акцент ќе се стави на здрав начин на исхрана на бремените жени, совети за подготовка за породување, нега и исхрана на новороденчето, значење на доењето и други корисни работи – изјави министерот за здравство Венко Филипче

 

 

* реклами:

 

 

Здравје

Македонија