Велигденското зајаче го обои Скопје Сити Мол

Објавено на 07.04.2018 во 14:46:17 часот | Бизнис

Велигден е еден од најголемите христијански празници, ден на Христовото воскресение кој секој дом го одбележува со подготовка на велигденска софра, шарени велигденски јајца и креативни велигденски декорации. Како кај нас, така и во другите држави Велигден се прославува во кругот на семејството, а благодарение на Скопје Сити мол и нивната соработка со повеќе странски амбасади во Македонија, годинава дознавме повеќе за обичаите и традицијата на одбележување на овој значаен христијански празник во другите држави.

 

Велигден особено е интересен за децата кои се радуваат на секое шарено јајце кое ќе го стават во велигденската кошничка и на секое цврсто јајце со кое ќе бидат шампиони во кршење јајца во кругот на семејството. Но, Велигден не би бил ист без секое дета да исцрта барем едно јајца, па затоа Скопје Сити мол во претходните два дена организираше работилница која ја собра детската креативност на едно место. Преку оваа детска работилница децата ја покажаа својата радост и фантазија правејќи најубави шарени јајца, а помогнаа и во декорирање по своја желба и замисла.

За возбудата да биде уште поголема и да се задржи традицијата и духот на Велигден, Скопје Сити мол денес и во понеделник, 10. Април, од 14 до 16 часот организира и турнир во кршење со јајца на кој ќе се избере најцврстото јајце, а има и супер велигденски награди.

За подетални информаиции посетете ја официјалната веб страница на Скопје Сити мол или дознајте повеќе директно на информативниот пулт во Скопје Сити мол. Уживајте во празниците!

 

 

* реклами:

 

 

Бизнис

Македонија