НОВИОТ КИК БОКС КЛУБ „РАБОТНИЧКИ - АДОРА“ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ - ДО ЗЛАТНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УСПЕСИ

Објавено на 07.04.2018 во 18:58:09 часот | Спорт

Со особена чест Ви го претставуваме новиот Kик бокс клуб „Работнички-Адора“, основан под покровителство на Адора инженеринг и Општина Центар, Скопје.

На првиот меѓународен настап под закрила на Адора, кик боксерот Dimitar Gjorgjiev - Димитар Ѓорѓиев , член и тренер на клубот „Работнички-Адора“, се закити со злато на Балкансиот кик бокс куп 2018 во Тешањ, БИХ, во конкуренција на 500 натпреварувачи од 14 европски држави. 

Кик бокс клубот „Работнички-Адора“, до почетокот на летото ќе започне да функционира во специјално адаптираните спортски простории во објектот на Адора инженеринг на ул. „Орце Николов“ бр. 182 А во Скопје.

Со покровителството на кик бокс клубот „Работнички-Адора“, Адора инженеринг оди чекор напред во поддршката што компанијата повеќе години му ја дава на кик боксерот Димитар Ѓорѓиев, чии врвни спортски успеси се потврдени со три светски шампионски титули и над 30 интернационални медали во кик бокс. 

Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец континуирано го поддржуваат македонскиот спорт, успешните спортисти и клубови, во рамките на корпоративната општествено одговорната мисија, за изградба на подобро општество за сите.

 

 

* реклами

 

 

Спорт

Македонија