АПЕЛ ДО ЗАЕВ И ТЕВДОВСКИ: Намалете го ДДВ-то за најосновните прехрамбени продукти и режиски трошоци, помогнете ја ниската и средната класа со 13% намалени даноци за најосновните намирници!!!

Објавено на 08.04.2018 во 19:37:46 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Инспирација за оваа колумна е интервјуто на премиерот за МИА.

Навистина може да се каже дека ова интервју на Заев е негово најдобро во неговата досегашна политичка кариера.

Ми се допаѓа оптимизмот кој е буквално заразен, како дрога извира од интервјуто од секоја реченица.

Мислам дека овој оптимизам е моторот на владата, тој крева маси народ кои работат во владата и министерствата и општините и ги тера да газат напред.

Ми се допаѓа акцентот на парите на граѓаните, токму тоа ќе значи дали владата е успешна или не, дали народот има повеќе или помалку пари во џебот на крајот на мандатот на оваа влада, во 2020-та.

Токму во таа насока сакам да и предложам на владата да ги намали даноците за сиромашните слоеви граѓани.

Ако е точно дека владата навистина заштедува многу пари во речиси сите сектори поради прекинот на мафијашката пљачка и аздисаноста на владините функционери, тогаш би било добро ако се најде начин да се намалат даноците за сиромашните народни маси и средната класа.

Тоа на пример би можело да се направи преку намалување на ДДВ-то од 18 на 5% на некои намирници како тоалетна хартија, шампони, прашак за прање, месо, млеко, сирење, леб, јајца, брашно, шеќер, кафе, вода, сокови, месни производи, лекови, пелени, бебешка храна, детергенти за кујна и тоалет, струја, дрва, парно, телефон, мобилен, интернет, овојше, зеленчук, градежни материјали итн...

Со оваа постапка директно со еден потег на граѓаните ќе им се зголемат приходите за 13% што многу ќе се почувствува.

Од ова правило би се исклучиле рестораните, колите, моторите, чамците, хотелите, морска храна, накит, туристички патувања, бела техника, облека, мобилни телефони, компјутери, горивата итн затоа што сепак од нешто треба да се полни касата, секако доколку мојата предложена листа е преголема и ќе значи осакатување на буџетот тогаш нека се намали листата, нека се одберат 20-30 производи кои ќе се намалат со даноци и со што ќе се помогне семејниот буџет, а на сметка на тоа ќе се зголемат малку даноците на побогатите и ќе се намали бројот на вработени во администрација и бројот на институции, нешто што го најави Дамјан Манчевски пред една недела.

Овој мој предлог оди во насока на кажаното од страна на премиерот дека им заштедиле на народот 13 милиони евра со ефтината струја и уште толку со укинувањето на давачката за МТВ.

Ова го предлагам и затоа што се има чувство дека владата ги покачува даноците за да го молзе народот, а мислам дека идејата на владата е да воведе поправедно општество и да го олесни животот на широките народни маси кои врзуваат крај со крај.

п.с Еве ја листата на УЈП на намирници и услуги кои се со повластена даночна стапка од 5%:

Сега кога ја имаме листата пред нас, и предлагам на владата да ги стави со повластена даночна стапка и другите режиски трошоци како струја, интернет, телекомуникациски услуги, облека итн, што повеќе производи на оваа листа толку подобро за нискиот слој народ и средната класа.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија