Шокантна исповед на големиот и контроверзен српски бизнисмен Мирослав Мишковиќ во неговата автобиографија “ Јас, Тајкун “, чии делови објави српскиот неделник “Nedеljnik“

Објавено на 23.04.2018 во 01:24:19 часот | Балкан

Томислав Николиќ ми рече: Тебе не можат да те уапсат

После дваесет и осум години молчење, проговори Мирослав Мишковиќ, најголемиот бизнисмен во Србија од крајот на 20 и почетокот на 21 век. Книгата “Јас, тајкун” е единствена исповед на човекот кој Слободам Милошевиќ со сметаше за свој соработник, Ѓинѓиќ за пријател, Тадиќ за противник, а Вучиќ за непријател. Оваа книга овозможува поглед на српскиот бизнисмен и историјат на неспоразумот помеѓу државата и нејзините бизнисмени, но и на неговото киднапирање, апсењето, зделки, односите со најпознатите луѓе на нашето време.

Два дена пред апсењето на телефон ме побара Марија Десивојевиќ Цветковиќ, потпретседателка на Делта за стратегија и развој. И се обратил некој нејзин пријател и рекол дека Мишковиќ ќе биде уапсен во рок од три дена. Марија ме повика истата вечер. Тоа не беше вообичаен повик, бидејќи соработниците никогаш не ме бараат навечер. Посебно необично звучеше нејзиното прашање:“Можете ли да дојдете кај мене да гледаме Лига на шампиони?”

Марија живее во блиску до мене, не некои стотина метри, но она знае дека јас никогаш со своите соработници не гледа Лига на шампиони. Сфатив дека блефира, бидејќи сака да биде сигурна во случај некој да го прислушува нашиот разговор. “Доаѓам”, реков и за некоја минута бев кај нејзе. Ми рече дека е се готово, дека сигурно ќе бидам уапсен и дека само се размислува кој ден е најпогоден медиумите да ја објават таа вест. Веста сигурно ќе биде ударна. Ни тогаш не бев убеден во тоа што и го кажал пријателот на Марија. И реков :“Немој те молам да се грижиш, тоа не може да се случи”.
На почетокот на декември, непосредно пред апсењето, Марија, а потоа и Дејан Јеремиќ, потпретседателот на Делта задолжен за оперативни работи, и јас отидовме во Москва да го посетиме градилиштето на кое заедно со мојот пријател Бранислав Грујиќ градевме голема станбена населба, како и да договориме некои детали за извоз на српска храна на рускиот пазар. Последниот ден од нашиот престој во Москва на мобилниот телефон ме побара Томислав Николиќ. Бидејќи на големо се раскажуваа приказни дека ќе бидам уапсен, се пошегува и го прашав од каде му е храброста да ми се јави мене, државниот непријател број еден. Ми одговори вака:“Секогаш можам да те побарам. Зошто не би можел, јас знам дека ти се работиш чесно”. Му кажав дека сум во Русија и дека тој ден се враќам во Србија.
“Види, се зборува дека ќе ме уапсат”, додадов. Тој буквално ми одговори вака:”Тебе не можат да те уапсат. Нема причина”. Беше во право само во вториот дел од својата изјава. За првиот дел од изјавата, не ја зборуваше вистината, како и многу други политичари, пред и после него”.

Милошевиќ: “Не плукај во бунарот од кој си пиел вода”

Од сите приказни за Милошевиќ и за мене, а знам дека во чаршијата ги има многу, точна е само онаа дека и после разделбата го задржавме меѓусебното почитување. Двајцата му простивме нешто на оној другиот. На некој начин тој ме прелажа, а сигурен сум дека и јас него сум го разочарал. Не само што си отидов од Владата, туку и одбив да се зачленам во СПС. Му реков дека не можам да се зачленам во СПС, бидејќи се залагаат за општествена сопственост, а тоа е во спротивност со моите основни погледи на светот. И покрај се, Милошевиќ за ништо не ми се осветуваше. А би било доволно само нешто лошо на половина глас да каже за мене и неговите јуришници би ме растргнале, но не го направи тоа. На јас за него никогаш не изговорив ниту еден лош збор. Кога дојдов за потпретседател во Влада, Милошевиќ не ме создаде, пазарот ме создаде.
Многу брзо го прозрев Слобо, но никогаш не го нападнав. Подоцна, него го напаѓаа и оние кои тој ги создаде. Пред да дојдам во Влада со Милошевиќ имав повеќе заеднички ручеци, одржавме многу состаноци, имавме некои заеднички планови и не е важно ни тоа дека во некои од нив и јас бев изигран. Сметам дека заедничкото поминато време, фактот дека со некој си бил во тим, не дозволува за него да зборуваш најлошо по излегувањето од тимот. Тоа е кодекс до кој се држам и денес и многу воздржано ја коментирам ерата на Милошевиќ. Моите Моравци тоа пократко и поубаво би го кажале со изреката:”Не пиј во бунарот во кој си пиел вода”.

Вистина е дека Милошевиќ беше властодржец, но беше и успешен банкар во Њујорк, што не се знае или се заборава. Покрај тоа, негов премиер беше Мирко Марјановиќ, човек кој дојде од стопанството и кој ја разбираше економијата. А зошто не постигна повеќе, тоа е тема за која би можела посебно да се расправа.

Милка Форца: Меѓусебно поттикнување со Тадиќ

Човек лесно, незабележително и непромислено допушта да го понесе големата моќ и со тоа себеси си прави поголема штета од штетата која би му ја нанел некој заколнат непријател. За мене овој случај беше доживотно отрезнување, но со години гледам луѓе, не само во политиката, туку и во бизнисот, кои не успеваат да ја избегнат оваа стапица. Но, како да останете нормален ако ја држите и војската, и полицијата, и безбедносните служби, ако му наредувате на сите и на секого? Како да го истерате новопечениот политичар од кабинет ако тој во него дошол од тесен стан, па кабинетот му се гледа голем како стадион, а притоа добил и лумузина, секретарка, шеф на кабинет и посебен персонал?

Имаше лоши примери и во моето блиско опкружување. Милка Форцан, поранешната потпретседателка на Делта Холдинг во еден момент мислеше дека е помоќна од самата компанија, односно дека Делта без нејзе не би можела да се развива. Страшен проблем е кога човек ќе ги помеша идентитетите, кога ќе се помеша себеси и фирмата и ќе изгуби контакт со реалната состојба на работите.

Додуша, Милка беше под влијание на Борис Тадиќ. Човек со мало знаење. Се поттикнуваа меѓусебно: она, како вешта и речита жена, себеси си го подигаше рејтингот, а тој, врз основа на тоа што го слушал од нејзе, ја уверил дека таа е судбински важна за компанијата. Но, туѓите влијанија, во овој случај влијанието на Тадиќ врз Милка, не може да биде оправдување, бидејќи од професионалец се очекува да мисли со својата глава. Милка Форцан, за жал не ја покажа таа способност и заради тоа моравме да се разделиме.

Miskovic

Киднапирање: Единствена трага – ќебапи и малата рака на Душан Спасојевиќ

Во понеделник 9 април 2001 година во 8.15 часот наутро, во близина на зградата на Генекс, во која тогаш се наоѓаше седиштето на Делта, бев киднапиран од својот автомобил. Доаѓав на работа и отприлика 200 метри од гаражата едно темноплаво ауди го препречи патот на возилото алфа ромео во која бев јас со мојот возач Крле. Од аудито излегоа излегоа тројца мажи со фантомки наоружани со автоматски пушки. Четвртиот киднапер остана во аудито на возачкото место. Еден ја отвори вратата на мојот возач, а другиот ја отвори мојата врата. Почнаа да не извлекуваат од автомобилот. Се обидов да се одбранам, но најнапред добив неколку удари во гради, а потоа и еден удар во главата. Ударот во глава беше многу силен, со кундакот од пушката. Крле, кој е инаку многу крупен човек, го ставија во гепекот на нашиот автомобил, а мене ме бутнаа во нивниот автомобил и ми ставија широка трака преку устата и очите. Кратко ме возеа во тој автомобил, а потоа ме префрлија во друг автомобил и ме одведоа на непозната локација. Кога се помина, генералот Миле Новаковиќ ми предложи да видам кај сум бил, но не сакав да одам. Беше тоа некоја гаража со канал на средина. Додека и приоѓавме почувствував дека калта ми се лепи за чевлите. Кога влеговме ми рекоа да застанам до ѕидот. Тогаш чув како отвораат некој железен капак. Се испостави дека тоа беше капак од шахта. Морав да се спуштам во канал за поправање на автомобили, а потоа и на дното на шахтата. Се спуштив преку метални скали, некој од нив се симна со мене, а потоа го слушнав како се качува нагоре. Кога излезе од шахтата, слушнав како го затвораат капакот.

Чувствував дека само едната рака ми е слободна, но не сфаќав што се случило. Другата рака ми беше врзана со лисици за една алка на ѕидот. Просторијата беше минијатурна, можеби метар на метар и половина и беше слабо осветлена. Одозгора капеше вода, а до мене имаше една искршена столица. Сето тоа било средено, како што се дозна подоцна, за тука да се чуваат киднапирани лица.

Морам да кажам дека киднаперите се однесуваа коректно. Немаше дополнително малтретирање. Но, предупредувањето беше повеќе од јасно:“Не ја симнувај траката од очите. Потруди се да нене видиш. За тебе е подобро да не не видиш”.
Во таква атмосфера, во тесна, полумрачна, влажна и ладна шахта тешко е човек да не се уплаши. Беше јасно дека си имам работа со опасни луѓе. Се обидував рационално да ги анализирам работите, но ништо што ми паѓаше на памет, не ми влеваше оптимизам. Во шахтата беше ужасно ладно. Кога се пожалив, ми донесоа волнени чорапи, оние бели, плетени. Нешто подоцна и две ќебиња да се замотам со нив. Ми носеа вода во флаши. Еден од киднаперите зборуваше со босански акцент. Сакаа да помислам дека бараат пари за Радован Караџиќ и Ратко Младиќ. Но, не го правеа тоа баш највешто. Веднаш се посомневав во таа приказна. Се испостави дека ме киднапирал земунски клан, во тој момент најмоќна српска и една од најсилните европски криминални организации, која со години имаше заштита од државата и непречено киднапираше луѓе, тргуваше со дрога и кој знае уште што. Киднапирањето го видел и го пријавил еден пензионер, кој гледал од прозор на својот стан. Кога утврдиле дека јас сум киднапиран, во Министерството за внатрешна работа се дигнала голема узбуна. Полицијата за моето киднапирање ја информирала мојата сопруга Лилјана, а таа ги информирала клучните луѓе во Делта. Сите се собрале во седиштето на компанијата. Било тоа состанок на кризен штаб. Во меѓувреме,киднаперите ме извадија од шахтата и ми рекоа да и се јавам на секретарката. Тој разговор беше краток. Ме вратија во шахтата, а нешто подоцна повторно ме извадија и ми рекоа да му се јавам на Душан Спасојевиќ на работа. Кога бараа од мене на некого да се јавам, ме вадеа од шахтата и со автомобил ме возеа на друго месо, за да не може повикот да биде лоциран. Цело време ја имаш широката леплива трака на очи, така да ниту во еден момент не успеав да видам ниту еден од нив. Кога не ме гледаа, ѕиркав под траката и го испитував местото во кое сум затворен.

Кога се јави Милан, му реков да подготват пари. Откупот прв пат ми беше спомнат кога се појави еден човек кого го викаа шеф. Бараа 10 милиони марки. Им одговорив дека тоа не е возможно. На крајот се договоривме да им се платат пет милиони марки. Дури и се ракувавме. Прифатив, бидејќи колку и да звучи чудно, мојот најголем страв не беше дека киднаперите ќе ми направат нешто лошо. Всушност, почнаа да преговараат, па барем знаев кои им се мотивите. Мојот најголем страв, речиси паничен, беше дека полицијата може да тргне во акција, дека киднаперите можат да избегаат или дека може и да бидат убиени, и во тој случај, мене во таа шахта, кој знае каде забутана, никој нема да може да ме најде. Затоа на Милан му реков никој да не ја информира полицијата. Не знаев дека МВР има дојава за киднапирањето и дека Драган Карлеуша, заменик началник на Управата за криминалистичка полиција е веќе во Делта со моите соработници и сопругата.

Милан со парите седна во автомобил и почна да вози низ Белград. Таа ноќ преживеа вистинска драма. Киднаперите неколку пати го бараа, издаваа наредби кои мораше да ги слуша и да остане прибран, бараа да го промени автомобилот и картицата за мобилен телефон, го информираа дека износот на пари за откуп е подигнат на седум милиони евра, колку што на крајот им беше и исплатено. Јас за тоа не знаев. Му се закануваа дека ако направи грешка, ќе го убијат и него, и мене и нашите семејства, го обвинуваа дека информирал во полиција бидејќи забележале дека го прати Државна безбедност, за што Милан немал никакви информации. Киднаперите беа бесни заради ангажирањето на полицијата, а претпоставувам дека и Легија имал добра информација за тоа, а во сред целата работа, мене повторно ме извадија од шахта, ме ставија во автомобил со кој ме возеа наоколу. Го повикаа Душан Михајловиќ, министерот за полиција и мој стар пријател од владата во која заедно членувавме, и ми го дадоа мене на телефон. Ми рекоа од него да побарам повлекување на сите полициски сили од автопатот. Го молев Михајловиќ тоа да го направи, тој ме убедуваше дека не е полицијата таа која го прати автомобилот на Милан. Киднаперите не слушнаа дека Душан беснеше да телефон, дека ги пцуеше и дека се закануваше дека ќе одговараат за тоа што го направиле. Милан со часови возеше со автомобилот на дождот и беше на крајот на нервите, додека конечно не му наредија торбата со парите да ја фрли преку банкината на автопатот во близина на Шимановац. После исплатата на откупот повторно ме ставија во автомобилот, се возевме некое време и потоа ме исфрлија од автомобилот. Киднаперите ми дадоа капа, бидејќи паѓаше дожд. И 10 евра за да можам да платам такси, бидејќи бев без ништо, без документи, пари, телефон…Си помислив: каков бизнис, ми земаа седум милиони евра, а ми оставија 10 евра за такси. Беше околу два часот по полноќ, а јас сфатив дека се наоѓам на некоја ливада, некаде во близина на Прокоп. Излегов на улица, чекајќи да дојде некое такси, а нив баш и ги нема во тој период од ноќта. Некаде кај Рудо наиде конечно наиде такси, не ме препозна, ниту, пак, забележи нешто чудно. И наскоро бев дома. После 18 часови во заробеништво, бев на слобода. Следниот ден околу пладне бев на Саемот за автомобили заедно со Зоран Ѓинќиќ. Не ни можев да замислам дека две години подоцна ќе го убие токму земунскиот клан, Легија и Звездан Јовановиќ.

Мојот пријател Михајловиќ беше еден од оние кои навистина сакаше да се реши случајот.Таков беше и Миле Новаковиќ, од Управата за криминалистичка полиција, чесен и храбар полициски офицер, подготвен да се соочи со застрашувачката банка каква што беше земунскиот клан. Трагајќи по киднаперите, полицијата ја испитуваше секоја трага. Капата која ми ја дадоа киднаперите за да се засолнам од дождот беше подметната. Искусните криминалци на нејзе оставиле влакна од коса од некоја друга личност, наведувајќи ја полицијата така на погрешна ДНК трага. Им кажав на полицајците дека кога барав нешто за јадење, киднаперите ми носеа ќебапи. Беа уште вруќи кога ми ги носеа, што значи дека беа купени некаде во близина, и тоа бањалучки ќебапи, што веќе го стеснуваше бројот на можните локации. Но, се покажа дека клучни тоа што при потврдувањето на договорениот откуп се ракував со водачот на киднаперите. “Нешто ми беше необично, тој човек имаше многу мала рака”, му реков на Миле Новаковиќ. Неговиот коментар беше:“Тогаш знаеме кој те киднапирал. Тоа е Душан Спасојевиќ”.

aleksandar-vucic-miroslav-miskovic-forcan-2400x1524_cЦе Маркет: Немаше никаква корупција

Пред создавањето на Макси каков што е денес, требаше да се издржат сите удари околу купувањето на Це Маркет. Намерата да го преземам овој трговски ланец ја објавив во зимата 2003 година. Веќе во 2004 година, благодарение на парите од продажбата на Делта банка, бевме во ситуација тоа и да го направиме. Меѓутоа, изгледаше дека купувачи ќе бидат Милан Беко заедно со Слободан Радуловиќ, во тоа време генерален директор на Це Маркет. Исто така, се чинеше,дека сакаат после да го продадат на словенечки Меркатор. Но, двајцата немаа пари да го откупат делот од малите акционери. Државата не го продаваше својот удел, а јас имав пари од продажбата на Делта банка.

Го повикав Радуловиќ и му реков дека сум заинтересиран да го купам Це Маркет. Беше многу неодреден и ништо конкретно не ми кажа. Меѓутоа, застапникот на малите акционери со нивна делегација дојдоа кај мене на разговор. Ми рекоа дека бараат 300 евра по акција. Отворено им реков дека тоа е премногу, но ги замолив да почекаат три дена за официјално да им одговорам. Ги повикав своите соработници, внимателно ја одмерувавме целата работа. На крајот заклучивме вака: цената е превисока, но ако не ја платиме, преку договор со Радуловиќ ќе ја плати или Меркатор или хрватски Агрокор и ќе ја изгубиме лидерската позиција во малопродажбата. Конкуренцијата ќе расте, а ние ќе стагнираме. И одлучивме да инвестираме. Откако ја купивме компанијата, нарачавме ревизија на деловните книги на Це Маркет и видовме дека имаат 56 милиони евра скриени загуби. Да го знаев тоа, никогаш немаше толку скапо да платам за акциите. Неверојатно беше дека Це Маркет не ги усогласувал книгите за добавувачи и купувачи, но токму тоа се случувало. Станува збор за најлоша фирма која некогаш сум ја купил, и потоа доживеав заради нејзе најмногу да ме напаѓаат. Ревизијата на KPMG тоа го потврди, а од искуства можам да кажам дека Це Маркет беше во ужасна состојба, дека по магазините и продавниците буквално шетаа стаорци, кои едвај ги отстранивме.

Значи, одлучивме да купиме дел од сопственоста која им припаѓаше на малите акционери. Бидејќи истата работа ја сакаа Беко и Радуловиќ, предвидував дека ситуацијата ќе биде затегната. Тие немаа пари за купување, но бев убеден дека се подготвени на различни начини да ме спречуваат, додека не се договорат со Меркатор. Затоа го повикав Александар Тијаниќ, кој тогаш беше советник на премиерот Војислав Коштуница. Тијаниќ и јас имавме специфично пријателство. Неколку пати се имавме така искарано, што после тоа не зборувавме. И покрај тоа, ми беше многу драг, а верувам дека истото важеше и обратно. Дружењето со него претставуваше вистинско задоволство претставуваше вистинско задоволство, без оглед на тешкиот и компликувам дел од неговата личност.

Кога го повикав Тијаниќ, му реков слободно да му пренесе на Коштуница дека влегувам во битка за Це Маркет и дека и порачувам на конкуренцијата дека со мене нема играње. Имам пари, заинтересиран сум за купување и дека нема да го препуштам Це Маркет на Словенците или на некој друг. Тие пораки беа сериозно сфатени. На 19 август 2005 година во кабинетот на Коштуница, освен мене, дојдоа и Радуловиќ, Беко, и како сведоци, Данко Ѓуниќ и Александар Влаховиќ, сопственици на консултантската куќа ЕКИ Инвестментс.
Коштуница не не повика за договор, туку остро да не предупреди дека не сака пресметки и скандали кои ја уназадуваат Србија. Беко, Радуловиќ и јас си отидовме од состанокот сериозно сфаќајќи го предупредувањето на Коштуница. После почнавме да се договараме. Составивме и потпишавме Меморандум за разбирањесо кој се договоривме еден дел од акциите да купат Беко и Радуловиќ, а другиот дел да ги откупи Делта. Верица Барач, тогашната претседателка на Советот за борба против корупција тоа го нарече корупција која е казнива во секоја земја. Тоа го зборуваше и откако Врховниот суд на Србија заклучи дека се е направено во согласност со законите. А во секоја нормална земја, овој случај не би ни смеел да дојде на суд.

Елементарна логика е доволна да се заклучи дека до корупција не можело да дојде. Корупција може да постои само ако еден од партнерите е државата, а при купопродажбата на Це Маркет беше договор помеѓу два приватни партнери. Државата не беше продавач на својот удел во Це Маркет. Веќе одамна ја споменував мојата одлука, донесена веднаш по основањето на Делта, да не работам со државата или со државни претпријатија, а една од причините за тоа е да не може некој да не обвини за корупција.

Според Меморандумот, на Делта требаше да и припаднат 40% од акциите, а нив двајца 60% од акциите. На тоа се согласив, знаејќи дека тие немаат пари да го откупат делот на кој добија право. Поставив само еден услов: на малите акционери да им се исплати по 300 евра за акција, бидејќи со нив потпишав протокол во кој се обврзав на тоа. Меѓутоа, кога дојде време за исплата, се случи точно она што го очекував: Делта плати, а Радуловиќ и Беко немаа пари. Тогаш им реков дека на малите акционери ќе им го платам и делот кој тие требаше да го платат, но да ми ги вратат парите во рок од 90-тина дена. Им реков:“Ако не ми ги вратите парите, сите акции ми припаѓаат мене”. Тоа на крајот и се случи. Меѓутоа, тогаш се случи нешто што не можев ни да го замислам. Малите акционери на кои им беше исплатено по 300 евра по акција во согласност со потпишаниот протокол, а која беше далеку над реалната вредност на акциите, подигнаа тужба. Тврдеа дека малку добиле. Три суда пресудија во наша корист. На крајот таква пресуда донесе и Врховниот суд на Србија и дури после тоа целата работа се смири.

Зоран Јанковиќ, кој во време на сите овие случувања, беше генерален директор на Меркатор, денес е еден од моите најблиски пријатели. Ми беше пријател и пред да влеземе во конфликт. А имавме жесток конфликт токму заради Це Маркет. Тој сакаше да го купи Це Маркет уште во далечната 2000 година. Месец и половина пред падот на Милошевиќ, Зоран Ѓинѓиќ и Мики Савичевиќ, кој во тоа време беше функционер во една од партиите на ДОС, со сретнале во Стопанската комора на Словенија со директорите на Љубљанска банка, осигурителната компанија Триглав и Меркатор. Тој разговор ми го прераскажаа на следниов начин:“Господине Јанковиќ, кога вие ќе дојдете во Белград?”. Одговорот гласел:“Кога вие ќе победите”.

Следниот пат се виделе во Белград кога Ѓинѓиќ веќе беше премиер. Беа на “ти” и водеа отприлика ваков разговор. Јанковиќ: “Дојдов да го купам Це Маркет”. Ѓинѓиќ:“Не може”.
Јанковиќ:“Зошто не може?”. Ѓинѓиќ:“Дали ти би го продал да си на мое место?”. Јанковиќ:“Не би го продал”. Ѓинѓиќ: “Нормално дека не би го продал. Па, сети се, ти ми рече дека трговијата е генератор на развојот”.

Макси- Најтешки преговори и тешка национална катастрофа

Тогаш мислев, како што мислам и денес, дека продажбата на Макси беше национална катастрофа. Стратешката определба на државата мораше да биде да поддржи голем српски трговски ланец и да направи се тој да остане во домашна сопственост. Нема национална економија без национална трговија. Макси беше начин српските производи да најдат пат до полиците, не само во Србија, туку и во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Бугарија, каде веќе постоеја објекти на Макси. Кога го преземаа Белгијците како сопственици и Грците како менаџмент, на полиците природно се најдоа белгиски и грчки производи. На тоа кон крајот на 2015 година се жалеше Александар Вучиќ, српски премиер, укажувајќи дека во големите маркети купувачите само во некој ќош можат да најдат “Књаз Милош”, вода која ја прави српска компанија веќе два века, но затоа секаде може да ги видите сите други води. Но, за тоа требаше да е мисли порано. Наместо да го зајакнува Макси, Србија дозволи огромна и брза експанзија на странски ланци, кој ги завземаа најатрактивните простори во Белград.

Продажбата на Макси беше економско промашување на Србија, голем пораз на државата, но и лична победа на нејзиниот тогаш прв човек Борис Тадиќ, чии интереси очигледно не се поклопуваа со државните. Од друга страна, тоа беше најголема трансакција во југоисточна Европа. Делта го продаде Макси за 932,5 милиони евра – двапати поскапо отколку што државата го продаде НИС. Синџирот продавници го наплативме двојно повеќе отколку Србија својата нафтена индустрија, вклучувајќи го нејзиниот пазар, бензинските станици и наоѓалиштата. Тоа е моја специјалност – знам да создавам и да продавам компании. А најголемиот договор што кога и да е сум го потпишал беше токму договорот за продажбата на Макси. Колку е вреден овој бизнис се гледа од фактот што продажбата на Галеника за 16 милиони евра е прогласена за подвиг на државата. Само за споредба, загрепска Плива е продадена за 2,2 милијарди, а љубљански Лек за 800 милиони.

Но, преговорите за продажба на Макси беа и најтешките што кога и да е сум ги имал. Почнавме есента 2009 година и траеја скоро дваесет месеци. Долго разговаравме за продажба на 50% од синџирот, но странците тоа не го сакаат. За разлика од ЕУ, Балканот не е презаситен со малопродажни синџири и затоа Делез сакаше повеќе од една половина. Сериозно го сфатија овој пазар. Во еден момент реков: „Еве, ќе ви продадам сѐ, ама за милијарда и сто педесет милиони евра“. Беше тоа еден од начините на кои се обидуваме да добиеме што подобра цена. На Бекерс му кажав: Ако го купува Макси поради ЕБИТДА (профитот пред амортизација, каматите и оданочувањето) – многу го плаќа. Ако го купува поради иднината – евтино купува. И му препорачав еден дел од централата во Брисел да го пресели во Белград, бидејќи така би ги покривале своите бизниси во Романија, Бугарија … Тоа е пазар од 65 милиони потрошувачи, поголем од Франција и со перспектива на развој. На крајот, ете, договоривме цена од 932,5 милиони.

f6b9bfe2f40f6a3f8249b1558a2ee3b7

Случајот Мишковиќ: Извештајот на Крол промени сè

После моето апсење, вработените во Делта не седеа со скрстени раце. Почната е сериозна акција за да се информира меѓународната заедница и да се зачуваат нашите многу важни клиенти и партнери од светот. По совет на Камерун Мантер, поранешниот амбасадор на САД во Србија, ја ангажиравме Подеста, влијателната американска куќа.За односите со европската администрација во Брисел стапивме во контакт со АПЦО, една од најголемите светски компании за стратешки комуникации. Особено значајно е тоа што ја ангажиравме Крол, најценетата форензичка куќа во светот. Тие за сметка на клиентот анализираат одредени бизнис ситуации, даваат свое стручно мислење, после што дискусиите престануваат. Нивното мислење во светот се зема како конечен став.

Побаравме да ги анализираат обвинението против мене и да дадат свое мислење. Крол ја објави својата истрага и на почетокот на јуни 2013 година објави документ во кој стои изречен став дека кривично дело во мојот случај не постои. Овој извештај го пративме не само до сите наши партнери, туку и до амбасадорите во Белград, и тоа многу помогна заинтересираната јавност да сфати за што всушност станува збор. Во декември 2012, кога бев уапсен, амбасадите беа многу позитивно настроени кон „човекот кој решил да ја искорени корупцијата во Србија“. Дури и покрај големиот труд на Подеста, не успевавме да им ја претставиме реалната состојба на работите и да ги убедиме дека сме во право. Од моментот кога стигна извештајот на Крол, не моравме да ги убедуваме веќе во ништо. Сите странци знаат што е Крол и нивниот извештај ни помогна, ни ги зачува бизнисите што носат милиони евра. Дипломатската заедница во Белград почна на „случајот Мишковиќ“ да гледа поинаку откако дотогаш.
Иринеј: Најмногу ме погоди неговото свртување на грбот

Особено ме погоди што во тоа време дури и патријархот Иринеј го премолчи моето име и името на Делта кога им се заблагодаруваше на донаторите кои дале прилог за изградбата на храмот Свети Сава. Црквата благодарејќи токму на оние кои на мој поттик приложија средства и со кои јас лично, како иницијатор на обновувањето на Друштвото за изградба на храмот што го поддржа Зоран Ѓинѓиќ, ги потпишав договорите. А ги имаше над илјада. Бев буквално шокиран кога беше свикан состанок на Друштвото за изградба на храмот, а на тој состанок, после сѐ што направивме и што уште можеме да направиме, не беше повикан никој од Делта. Делта и јас лично бевме најголеми донатори на храмот, а и на други активности на Српската православна црква. Поради сите овие активности, одликуван сум со Орденот на Свети Сава, најголемото признание на СПЦ.
Добрица Чосиќ: Уште ги чувам неговите наочарите и книгата со посвета

Судењето за затајување на данок е вратено на почеток, а на повторениот процес го замолив обвинителството и судот со наопачки водење на овој процес не прават дополнителна штета на државата Србија. Сакам да помогнам на државата, бидејќи го сметам тоа за своја обврска, неважно кој се наоѓа на власт.Во одредени односи, личните пријателства и непријателства мора да се остават настрана, бидејќи функцијата наложува дека мора да има соработка. Една од најголемите компании во земјата мора да има соработка со својата држава и тоа не смее да зависи од личните склоности ниту на менаџмент, ниту на компанијата, ниту на државните функционери.
Како што одамна реков, ние можеби би сакале државници како што биле Роналд Реган или Маргарет Тачер, но ги немаме, не постои систем кој би ги создал. Имавме и имаме домашни политичари, од кои со мнозинството не се согласував, но меѓу нив се и некои кои на мене навистина многу влијаеле.
Еден од нив е Добрица Чосиќ. Не спојуваше фактот дека сме земјаци, помеѓу неговото Голема Дреново и моето Бошњане има речиси десет километри. Верувам дека двајцата секогаш добро сме проценувале што сељакот Моравец мисли, секој од свој агол, тој како писател со национална визија, јас како човек кој го живее претприемништвото. Неизмерно го ценев Чосиќ и многу научив од него. Со мудроста се издвојуваше од сите кои имав прилика да ги запознаам и и ми беше исклучително драг. Во мојата канцеларија, на посебно местои под стакло, ги чувам неговите наочари и последната книга со посвета.
Иако комунизмот имаше оставено траги врз него, Чосиќ во добра мера ја сфаќаше важноста на западните вредности и пазарната економија. Разбираше дека ние мораме да се свртиме кон светот, а од друга страна го кочеше длабокото сомневање во искреноста на Западот. Често ми зборуваше за тоа сомневање. Не му веруваше на Западот и сметаше дека ни оние не веруваат нам, бидејќи сепак не доживуваат како руска испостава. Во сето тоа, да бидеме искрени, има вистина. Ние никогаш цврсто не сме се определиле за западните вредности. Михајло Обреновиќ тоа го сакал, Зоран Ѓинѓиќ исто така, но и двајцата завршија трагично.
Ѓинѓиќ: Да не го убиеја, ќе беше сменет за шест месеци

Кога се спријателивме, Ѓинѓиќ и јас се гледавме неколку пати неделно. Ме наговори да купам куќа на Дедиње покрај неговата, но не доживеа да бидеме соседи. Нашето дружење ги надминуваше разговорите за политика и бизнис. Беше тоа однос кој се разви во длабоко пријателство полно со меѓусебно уважување. Една вечер во 2002 година Зоран, неговиот син Лука и јас гледавме пренос на натпреварот помеѓу Југославија и САД, на Светското првенство во кошарка. Сите тројца навиваме со “полни плуќи”, па сопругата на Зоран, Ружица мораше да ја спушта топката и да ги затвора прозорите, бидејќи сметаше дека не е убаво на соседите да им викаме “под нос”. А ние баш уживавме во тоа да бидеме гласни, бидејќи прв комшија ни беше американскиот амбасадор.

Исклучително сериозно ја сфаќаше својата работа и се трудеше секогаш да биде силен и фокусиран. Беше посветен на здрав живот, пазеше на тоа како се храни и тренираше. Во текот на едно дружење Ружица ни понуди палачинки со ореви, а Зоран одеднаш од некаде извади книга: утврдивме дека ако изедеме по две палачинки ќе мораме да трчаме седум километри за да ги потрошиме внесените калории. И се откажавме од палачинките.

Атентатот на Зоран во март 2003 година го доживеав исклучително тешко. Прво отидов во влада, а потоа во нивната куќа. Средбата со Ружица и децата беше најтешкиот момент. И денес сме во блиску односи, го пратев растењето на Лука и Јована, на мојата слава Ружица е редовен гостин, кој седи од мојата десна страна.
Србија не сакаше да го разбере Ѓинќиќ, не сакаше да се менува. Да не го убиеја, би бил сменет за шест месеци. Треба да се потсетиме каква кампања се водеше против него, а во која предничеше ТВ Б92. Прво се чудев што кога ќе дојдев кај него телевизорот е вклучен на каналот Fashion TV. Години подоцна и самиот доживеав Fashion TV да биде мојот омилен канал.
Тадиќ: Ѓинѓиќ прв ме предупреди за него

Ако во некој треба да се бара спротивност на Зоран Ѓинѓиќ, тогаш тоа дефинитивно е Борис Тадиќ. Ѓинѓиќ неколку пати ме предупредуваше за него и зборуваше дека тој човек е способен единствено да нанесе голема штета, но не одеше во детали така не знаев на што точно мисли. Подоцна, како и цела Србија, сето тоа го дознав на многу тежок начин. Беше тоа политика без никаква идеја за било што, без храброст во донесувањето на стратешките одлуки, политика на спин и маркетинг. Таквата политика е виновна што Србија неподготвена ја дочека светската економска криза.

За кризата се зборуваше кога во декември 2008 година на покана на Делта во Белград дојде Џозеф Стиглиц, нобеловецот и економист со светски углед. Тој пред српската бизнис и академска елита одржа предавање „Глобалната економска криза со прогноза за влијанието на Балканот“. Државните службеници задолжени да се грижат за амортизирањето на глобалната криза во Србија го преспаа неговото доаѓање. И воопшто, кај нас одвај овде-онде се слушаше по некое образложено размислување за кризата. На пример, Божидар Ѓелиќ, барем делумно, беше во право кога зборуваше дека кризата истовремено е и шанса. Делумно, бидејќи тоа што го рече важи исклучиво за извонредно организирани држави или компании. Тие можат во кризни времиња да растат многу побрзо откако во редовни услови. Меѓутоа, за тоа се потребни вонсериско знаење и огромна моќ. На Делта економската криза дури и помогна да подобри некои перформанси и да направи голема рационализација на трошоците. Но, за Србија, како слаба и лошо организирана земја, кризата не беше никаква шанса, туку, напротив, уште еден тежок удар.

Кога сакавме да го купиме Меркатор, со Милка Форцан отидов кај Борис Тадиќ. Му го изложив мојот план и објаснив колку тоа ќе придонесе не само за моќта на Делта, туку и за силата на целокупната српска економија. Од сѐ, него го интересираше само едно. Ме праша:

„Дали тоа значи дека ти би имал 50-60 илјади работници?“. Кога му потврдив рече: „Па, тогаш би бил посилен од мене“. Секако дека после тоа, како претседател на Србија, не ја поддржа српската компанија во намерата да освои нови пазари. Добив информација дека уверувал луѓе од Словенија оти Делта не е добар купувач, и дека нема сила да ја изведе таа трансакција. Од интересот на Србија, поважно беше него некој да не го „надвладее“.

Кога го купивме белградски Континентал – во тој натпревар ги победивме Грците и постигнавме хотелот да остане во српска сопственост – ми ја прати следнава порака:

„Пак ми забодуваш прст во окото“. Тоа се непоимливи работи. Замислете која и да е земја од светот, во која претседателот на државата му праќа таква порака на најголемиот претприемач – и тоа затоа што овој направил нешто добро. Нешто што не само што е корисно за неговата компанија, туку и за земјата. И тогаш тој претприемач треба навечер мирно да легне да спие. Како кога знае дека живее во земја чиј претседател го доживува како конкуренција во однос на моќта?

Мене ме уапси Александар Вучиќ, но теренот го подготви Борис Тадиќ. Тој беше главен инспиратор на приказните што имаа за цел што повеќе да ги ослабат големите приватни компании, инаку моторот на домашната економија, а сериозните деловни луѓе да се претстават како себични богаташи незаинтересирани за благосостојбата на општеството, или едноставно, како арамии. Тој популизам што овде владее, без разлика кој е на власт, неспоив е со настојувањата Србија да се модернизира и да му се приближи на Западот.
Тома Николиќ – Покажа само дека се плаши од Вучиќ

Беше јасно дека нешто мора да се менува, и јас, како и многу други, 2012 година на изборите гласав за Томислав Николиќ. И додека беше во опозицијата, а и кога стана претседател, Николиќ се јавуваше и доаѓаше да се видиме. Додека Тадиќ беше претседател и мој нескриен противник, се случуваше Николиќ да дојде кај мене доцна навечер, тајно. Бизнисменот Драган Ѓуриќ едно време возеше мини-купер. И Тома, како што е голем, ќе се свиткаше, ќе легнеше на задното седиште на тој мал автомобил, и стигнуваше кај мене после полноќ.

Николиќ најголема грешка направи кога почна да глуми и да се претвора. Тој е обичен човек, шумадинец, и ако останеше тоа, да не правеше глупости со измислувањето факултетска диплома, да не се срамотеше говорејќи дека би сакал да дава коментари преку социјалните мрежи, но, „не може да добие телефонски контакт“, да не се мешаше во работи за кои ништо не знае, ќе добиеше многу аплаузи како човек од народот. Не разбирам чуму тоа лажно претставување; зошто се обидуваше да биде нешто што не е. Зошто би било лошо да речеше дека ги сака Радојка и Тине, наместо да раскажува за што размислува додека го слуша Вивалди?

Николиќ и јас со години одржувавме коректни контакти. Морам да кажам дека многу работи разбра и оставаше впечаток на човек со добри намери. Но, се случија две работи. Прво, Вучиќ целосно го маргинализираше. Второ, самиот Тома кога дојде на власт многу се промени. Никогаш нема да му простам што дозволи противзаконски да ме уапсат, бидејќи знаеше, мораше да знае, дека ме апсат само поради политички рејтинг. Дозволи да бидам уапсен без издржана причина и да бидам во седуммесечен притвор, што беше спротивно на Уставот и на законите. Да го спречеше сето тоа, да решеше да се вмеша во својата работа, ќе покажеше сила и интегритет достоен за шеф на држава. Вака, не покажа ништо освен дека се плаши од Александар Вучиќ.
Вучиќ – Со него зборував само за економија

Ако добро се сеќавам, Вучиќ го запознав есента 2008 година. Тоа беше моментот во кој Николиќ, дотогаш потпретседател на Српската радикална партија, и најблизок соработник на нејзиниот претседател Војислав Шешељ, реши да направи нова партија, Српската напредна партија. Ме викна и ме праша дали би можело да го доведе Александар Вучиќ, кој во Радикалната партија бил човек број три; да го запознам, и јас и Миша Беко да го охрабриме да премине од Српската радикална партија во новата партија на Тома, СНС. После тоа се сретнавме уште неколку пати, секогаш со Тома, никогаш насамо. Наша единствена тема беше економијата, а јас на Вучиќ му зборував за грешките на претходната власт што ги занемаруваше домашните претприемачи, и за потребата сите деловни системи, без разлика на потеклото и сопственичките односи, да мораат да имаат ист статус.

 

 

* реклами

 

 

Балкан

Македонија