НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА КАКО ПОЛИЦИЈАТА УСПЕА ДА ГО ФАТИ НАЈГОЛЕМИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ ВО КАЛИФОРНИЈА, ЦЕЛИ 40 ГОДИНИ ПО НАПРАВЕНИТЕ УБИСТВА, СИЛУВАЊА И ГРАБЕЖИ!!!

Објавено на 28.04.2018 во 14:16:21 часот | Црна Хроника

Нема да ви се верува како ФБИ успеа да го фати најголемиот сериски убиец во Калифорнија и еден од најголемите во Америка.

Човекот има убиено 12 луѓе, силувано 51 жена меѓу кои и 13 годишни девојчиња, има направено 120 грабежи по куќи во околината на Сакраменто во 70-тите и 80-тите.

Потоа, по последното убиство во 1986-та, човекот едноставно престанува со злоделата и исчезнува. Од тогаш ФБИ го бара безуспешно 30 години.

Единствено што имаат како доказ е ДНК земени од телата на силуваните и убиените.

Силувал и убивал така што ги врзувал мажите или родителите во едната соба и ги силувал жените или децата во другата соба додека сопрузите и родителите слушале. На грбот на родителите или сопрузите ставал тањири и им се заканувал дека ако чуе глас од тањирите како се тресат веднаш ќе ги убие жените или децата.

Бил вистински монструм. Причината поради која не бил фатен толку долго е што бил полицаец, па точно знаел како да ги скрие доказите, колку време да се задржи на леокациите на злоделата, го знаел теренот, и пред злоделата со денови посматрал и знаел како да влезе во куќите, кога куќите се отклучени, кога нема сведоци во околината итн итн итн...

Но, сега, пред неколку дена е фатен на навистина неверојатен начин. Тој имал три ќерки и тие имале деца, значи човекот имал вцуни. Својата тајна успешно ја чувал од своето потесно и пошироко семејство. Затоа, некои од нив, значи некои од неговите внуци оставил ДНК во вебсајтовите за барање семејно дрво, значи чисто ради забава и љубопитност.

ФБИ почнало со месеци да ги испитува сите ДНК на тој веб сајт за семејни дрва, и еден ден случајно забележале дека еден примерок од ДНК речиси 99 проценти се совпаѓа со ДНК-то на серискиот убиец кој го имале во фиока 40 години.

Од тој момент, почнале да истражуваат кој би можел во тоа семејство да биде убиецот, и дошле до стариот Џозеф Дианџело, 72 годишен пензиониран полицаец кој живеел во Чери Хилс, Сакраменто.

Го набљудувале неколку дена, скришно земале ДНК од фрлена лименка Кока Кола, и биле шокирани кога виделе дека неговата ДНК 100% се совпаѓа со ДНК-то на серискиот убиец.

Потоа се друго се совпаднало пефектно. Сите убиства и силувања се извршени во реоните каде тој бил полицаец пред 40 години.

Самиот бил познат во комшилук како човек кој има многу незгоден карактер, буквално бил див како куче, често знаел да избувне на комшиите кои бегале од него.

Исто така интересен податок е што бил отпуштен од полицијата вои 1979-та кога бил фатен како краде чук и спреј за бркање на кучиња, практично, алатките со кои ги вршел убиствата и провалите во тоа време, но полицијата тогаш само го отпуштила а не повела истрага за него.

Сега го чека судење и најверојатно и смртна казна. Интересно ќе биде ако признае и раскаже како ги правел убиствата и зошто, и ако признае убиства кои полицијата не ги знае, на пример што ако продолжил да убива и после 1986-та но успешно го закопувал труповите под земја во некоја планина или некој свој ранч, токму затоа вчера полициајта со багери ја прекопуваше целата негова куќа и двориште во Сакраменто.

По отпуштањето од полиција во 1979-та, тој речиси 30 години работел во магацин на познат супермаркет, бил оженет и имал три деца а сега живеел со ќерката и внуката. Неговите ќерки се познати професорки на факултети по право и разни други области, значи многу успешни жени, а неговата сопруга била познат адвокат, но веќе неколку години живееле разделено.

Огромни се шансите тие ништо да не знаат за неговите злодела. Сега, полицијата се надева во куќата да најде дел од украдениот накит кој Џозеф го има украдено од силуваните и убиените жени со цел да го потсетуваат на злоделата со што тој доживувал задоволство, како повторно да ги прави тие злодела во својот ум.

Големи се шансите тој накит да го носеле неговата сопруга и неговите ќерки. Да звучи многу ужасно, но таквите психопати како него доживуваат сексуална дразба само ако се во потполна контрола и ако некој со кој имаат секс плаче и моли за живот.

Поради овој убиец и поради неговите стотици злодела, Американците во 80-тите престанале да спијат со отклучени врати и прозорци, престанале сами да шетаат ноќе, сите изнакупиле пиштоли и пушки, сите ставиле аларми, купиле кучиња итн итн...

Една од неговите најстрашни дела е аудио снимката кон една од силуваните жени, на која потоа и се јавувал и и се заканувал дека ќе ја убие, со многу страшен тон во гласот, слушнете и самите:

Многу документарци се снимени за овој убиец, многу книги се напишани:

 

 

* реклами

 

 

Црна Хроника

Македонија