Ме радува обидот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ да ја бомбардира владата, тоа е правилната политичка борба, а не ширење на Албанофобија, Бугарофобија, Западофобија итн итн...

Објавено на 01.05.2018 во 15:04:27 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Конечно ВМРО ДПМНЕ ги намести координатите на своето политичко делување.

Како прво пукање кон владата, малце промашија, се избрукаа, но добро е, како стратегија, бомбардирањето на владата со ловење на афери, скандали, грешки, пљачки, непотизми итн итн, тоа е вистинска опозиција и тоа е вистински пат за враќање на власт.

Досегашното раскажување приказни за мрачни сили кои сакаат да ја уништат Македоња, ширењето Албанофобија, Бугарофобија, Гркофобија, Западофобија итн итн беа многу штетни политики на ВМРО ДПМНЕ за што само мудрата политика на СДСМ и ДУИ успеаја да не спасат од неповратна катаклизма во вид на граѓанска војна или стратешко зацепување во амбис...

Сега на ВМРО ДПМНЕ му останува уште да се извини и огради од грешките и злоделата на владеењето на Груевски и навистина ќе се на одлична патека.

Свртеа кон запад, се откачија од блиски луѓе на Грујо, се откачија од медиските кучиња, сега уште да престанат ода се дружат со Ефтов и Алфа тв и да го угасат Курир, и навистина ќе се во одлична позиција да се вратат на власт во следните 10 години, инаку црно им се пишува...

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија