Мислам дека и самиот Заев е свесен дека растот на платите не може да се оствари со субвенции

Објавено на 01.05.2018 во 17:05:26 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Како бизнисмен кој е дел од бизнис империја која вработува неколку иљади луѓе, Зоран Заев мислам дека е свесен дека растот на платите не може да се предизвика со владини субвенции.

Ист е случајот со Кочо кој исто вработува илјада луѓе. Нема таков газда на светот кој ќе плати повеќе работник ако не мора, исто како што нема работник кој ќе работи повеќе ако не мора, значи тие прравила се како 4-ти и 5-ти Њутнов закон и 30% субвенција нема да ги промени.

Овие пресови како денешниот за први мај се само охрабрување на бизнисмените да ги покачат платите, во исто време се и јавање на бранот на левичарењето во земјава, но и Заев самиот е свесен дека платите ќе пораснат само ако земјава влезе во ЕУ и НАТО или не влезе ама по некое чудо стане земја слична на земјите во ЕУ и НАТО, значи напредна земја со силни институции, со фер закони, со економска слобода и релативно мали даноци и мала регулатива за правење бизнис, сигурна безбедна земја, мирна, стабилна, средена, со јака инфраструктура, ефтини енергенси, слободна трговија со цел свет, без мито без корупција, без партиска економија, без конфликти и сукоби, без локални шерифи, без споменување на земјава во вестите на CNN, само така платите ќе растат, се дурго е комунистичко бладање.

Платите растат како последица на бизнис можности за газдите, тие полетани за нови профити ќе инвестираат во нови погони, нови брендови, нови услуги и за тоа ќе бараат мотивирани способни работници и поради тоа ќе бидат спремни да платат високи плати. Газдите ќе преземат ризик, ќе инвестираат свои или позајмени пари и ќе се надеваат на голем профит, за тоа треба земја во која нема некој апаш да ти ја ебе мајката неказнето или преку крадење на фирмата или преку нелојална конкуренција или преку барање мито и корупција или преку неплаќање фактури за земена роба итн итн...

Значи, силни компании со големи профити како последица на квалитетни производи и услуги кои луѓето ќе бидат спремни да ги платат, само тоа е лекот за благосостојба на рајата. Значи освојување прво на домашниот пазар, па на регионот па Европа па светот, така ќе растат платите, за тоа е потребна силна стабилна здрава напредна држава и поштена власт.

Денешните пресови каде владата ветува 30% субвенции за раст на платите нема да ги покачат платите, и мислам дека тоа го знаат и Заев и Кочо Анѓушев, но ете, не сакаат да им кршат атер на левичарите Тевдо, Мила и останатите во СДСМ...

Но важно е владата да ги тера и двете приказни, ем социјалистичко бладање но и она второто поважното, вистински реформи и градење на земја во која правењето бизнис за сите ќе биде профитабилно и дури тогаш, работниците ќе се омрсат. Тие се последни, прво ќе се омрсат газдите, па банките, па шефовите и инженерите и на крај радничката класа.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија