Престанете да го хејтате Коѕијас, човекот размислува многу логички и разумно погледнато од грча гледна точка, и има решение за неговите барања

Објавено на 02.05.2018 во 22:46:47 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ништо страшно не кажува Коѕијас кога вели дека Заев ќе го скрши уставот ако прифати меѓународно име со географска одредница а уставот остане несменет. Затоа што според уставот името на земјата е Република Македонија, па така сите други договори се надвор од уставот.

Исто така објаснувањата на Коѕијас зошто се бара промена на уставот се многу разумни аргументи.

Тој вели дека ако остане уставот како што е сега, ние ќе продолжиме во светски рамки да користиме разни документи на кои името ќе го пишува како што е во уставот и тие ќе се љутат и ќе има нон стоп нови проблеми, а тоа не е добро, кога веќе го решаваме проблемот, тоа треба да значи дека веќе нема да има идни искричења меѓу Македонија и Грција, туку тоа прашање еднаш засекогаш да биде затворено.

Значи што сега, има ли чаре за ова? Секако дека има, но тоа не е хејтање и фрлање дрва и камења по Коѕијас и Грците, туку треба да се најде ВИН ВИН решение.

Значи, она што го предлага овие денови Бучковски, а тоа е во уставот да се внесе член според кој, надворешно име на земјата ќе биде Република Горна/Северна/Вардарска Македонија.

Во тој член, ќе се каже дека со закон ќе се забрани користење на внатрешното име на документи кои се за меѓународна употреба, и така сите граѓани кои ќе го користат надвор од земјата домашното име ќе треба да платат некаква казна, исто и сите институции и фирми.

Така, Грците ќе спијат мирни, ние ќе си останеме дома Македонија, во светот ќе си бидеме Република Горна/Северна/Вардарска Македонија, ќе си го зачуваме јазикот, идентитетот, ќе си бидеме членка на ЕУ и НАТО, ќе соработуваме со Грците многу повеќе, нема веќе да се мразиме, ќе бидеме многу побогати од сега и се ќе си биде ок, ќе си живееме среќни и весели до крајот на животот, баш како во Руските сказни.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија