Комуњари, жалам но дај да бидеме сепак реални, Тито е у основа Грујо ама без говорна маана и без шаткасто одење

Објавено на 06.05.2018 во 13:39:51 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Овие денови се паѓа масовно у транс за денот на смртта на Тито.

Комуњарите паѓаат у транс за овој човек, се велича неговиот лик и дело, она што за десничарите е Александар Македонски, тоа за левичарите е Тито.

Но во основа, Тито бил диктатор, хедонист, доживотен прецедник, затоа и не морал да краде, знаел дека доживотно ќе има 30 дворци ширум цела Југославија, брод за харање по светот, авиони, лимузини, слуги, масерки и све по ред...

Обезбедено стамбено питање, пензиско и здравствено осигурање, што би рекле Србите...

Затоа и не морал да бара проценти како Грујо, да се глупира со автопути и слични заебанции, знаел дека додека е жив ќе живее како крал.

Едина замерка му е што на време не наместил некое од своите деца за наследник, како оние што прават во Северна Кореја.

Но мислам дека тој верувал дека неговите деца и сопруга вечно ќе бидат третирани како наследници на кралска династија, не се сомневал дека еден ден тие ќе мора да работат за да преживеат.

Никој не смеел да го критикува Тито, не само јавно во медиуми, туку и на приватни забави никој не смеел ништо да зуцне за него, одма шпиони ја известувале ОЗНА и УДБА и тој човек одма го јадел мракот.

Чудна е шизофренијата и за Сталин во Русија и за Тито во Југославија, се велича еден диктатор во чиј лик се создадоа потоа безброј мали диктаторчиеа, разни Слоба, Туѓмани, Алии, Кировци, Бранковци, Груевци...

Тито беше само наследник на кралевите на овие простори, вожд кој малку повеќе мислел на рајата, но во основа мислел најмногу на себе. Слична е приказната и со Чаушеску и слични комунистички диктатори.

Слично е и со Садам, Гадафи сега и со Ал Асад.

Путин и Ердоган го прошируваат тој рецепт за владеење, со мали оптички модификации.

Смешно е што најголемите хејтери на Грујо се најголеми обожаватели на Тито. Што е разликата меѓу двајцата? Според мене многу мали се разликите, Тито пушел пура, немал говорна маана и не одел како паја патак. Се друго се исто г..но...

Добро, Тито проповедал братство и единство и знаел многу подобро стратешки да се постави за да цица и од запад и од исток, но економски бил дрво, ја уништил земјата со тој глупиот социјализам, Кина барем на време се освести и воведе суров капитализам камуфлиран во марксизам.

Кој знае, да поживеел уште некоја година може и Тито ќе се свестел дека со социјализмот не може да се збогати народот, но тоа никогаш нема да го знаеме.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија