Да можеле, Буш и Обама би го вработиле Осама Бин Ладен како советник, под услов да сакал да прифати

Објавено на 07.05.2018 во 20:54:27 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Многу луѓе се нервираат што командант Хоџа ќе бил советник на Заев за 36 000 денара хонорар.

Па добро знаете ли колку кошта една тенковска граната од 20 кила? Околу 250 евра. Само една ебена граната. А за да елиминираш бункер ти требаат едно 10 такви, под услов прво тенкот да не рокне од некоја против-тенковска ракета. Еден тенк кошта 250 000 евра, зборам за овие нашите старите Украински, нови коштаат над еден милион.

Една граната за хаубица кошта исто околу 200 евра. За да погодиш една цел ти требаат минимум три, значи прво гаѓаш од кутура, гледаш каде паѓа бомбата, потоа померуваш без везе цевката, пак пукаш и гледаш кај паднала гранатата, и после точно ја враќаш цевката онолку назад колку што метата се наоѓа меѓу двете паднати бомби, во проценти секако.

На пример ако метата се наоѓа на 10 метра од местото каде паднала првата граната, а 5 метра од местото каде паднала втората граната, цевката се враќа за 50% во ист правец на мрднување, ама обратно.

Што да збориме за оние ракетите што ги испукуваат воените хеликоптери Ми 24. Една ракета кошта околу 1000е затоа што е специјална со свое полнење кое е сопствен погон на ракетата. Слично е со оние хаубиците ГРАД, познати и како Каќуша, и тие се околу 1000е парче.

Значи ако требало Танушевци да го ослободуваме воено, само за муниција ќе сме потрошеле едно 1 000 000 евра, под услов селото да сме го освоеле за 10 дена.

Што е со исхрана, прехрана за еден батаљон војска од 500 командоси и обична војска дневно кошта 5000е. Што е со не дај боже ранети, жртви, за тоа цена има ли?

Што е со нарушен имиџ на земјата? Кој ќе го плати тоа на име на изгубени инвестиции и изгубена интеграција во ЕУ и НАТО?!

Што ако не дај боже загине некој цивил, пак ќе се оди во Хаг, пак ќе плаќаме за адвокати милиони евра.

И Заев сето тоа го реши со 500е месечен хонорар?

Што мислите вие, ако Буш и Обама имале опција да го вработат Осама Бин Ладен како советник за безбедност, наместо да мора да потрошат 1000 милијарди долари на војни за да го фатат и да му ја уништат Ал Каеда, и уште да загинат околу 50 000 војници, Американци, што ќе прифателе, што мислите?

Осама Бин Ладен бил полн со омраза кон Американците и не сакал тоа да го прифати, но да можеле мирно да го решат сето тоа, Американците ќе биле многу практични. Исто е сега и со ИСИЛ. Оставете ги вие тие филмови дека со терористи не се преговарало, секако дека се прегоавара, секој ден франција, Германија, Британија исплаќаат милиони евра откуп на киднапирани танкери од Сомалиските пирати.

Се е прагма, за се треба да се одмери убаво и да се донесе зрела одлука, а вие ќезете се и понатаму, прајте се вицкасти и паметни...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија