(ВИДЕО) СВЕТОТ ВО ШОК: ТРАМП СЕ ОБРАТИ ДО ЈАВНОСТА, ГО ИЗВЕСТИ СВЕТОТ ДЕКА АМЕРИКА ГО РАСКИНУВА ДОГОВОРОТ СО ИРАН, ЌЕ ИМА ЛИ НОВА КРВАВА ДОЛГА ВОЈНА ВО БЛИСКИОТ ИСТОК?!

Објавено на 08.05.2018 во 20:16:39 часот | Свет

Во обраќање до нацијата, Трамп го извести светот дека САД се повлекуваат од договорот со Иран за нуклеарно разоружување.

Причините за тоа според Трамп се тоа што Иран не го почитува договорот, а и самиот договор според него е лош сам по себе, затоа треба да се преговара повторно.

Трамп потпиша наредба со која договорот се смета за поништен.

Веднаш по неговиот прес, пред медиумите се јави и лидерот на Израел, кој даде подршка на оваа одлука на Трамп. Во меѓувреме ЕУ изјави дека останува на договорот, со што сега ќе има хаос, Иран нема да знае како да реагира.

Од една страна САД ќе воведат повторно строги економски санкции, ЕУ нема да го направи тоа, Иран нема да знае дали да врати или да остане на договорот.

Дали ќе има нова крвава војна во блискиот исток, дали Израел ќе изврши воени напади врз Иран со цел елиминарање на магацините каде наводно се чува нуклеарно оружје?!

Дали Иран ќе ја рестартира програмата и ќе продолжи со закани кон Израел преку Либан и групата Хезболах?

Ова е многу лошо, од една страна Трамп ја реши кризата во Кореја, но во исто време отвора ново кризно жариште, кое Обама успешно го затвори во времето на својата власт.

 

 

* реклами

 

 

Свет

Македонија