TUTTI A OHRID: ДОАЃА ZUCCHERO!

Објавено на 08.05.2018 во 23:17:46 часот | Забава

 

25 ЈУЛИ, 2018 година- Антички театар- Охрид

Ништо не може да ја спречи оваа година да биде исклучителна во македонската концертна историја. Уникатноста на проектот, чија објава сме среќни вечерва да ја споделиме со вас, ќе допринесе за тоа.

За прв пат во Македонија, на 25 јули, доаѓа една од најголемите италијански ѕвезди и сигурно еден од најдобрите европски вокали ZUCCHERO, со своето best of шоу во прекрсаниот Охрид, во идеaлниот простор за таа музика- Антички театар.

ZUCCHERO е артист којшто го има направено невозможното. Со карактеристичен блуз вокал, има неверојатен број и на комерцијални хитови: „Baila Morena“, „Senza Una Donna“, „Dune Mosse“ и уште многу други, а пред се`, кввалитетот на изведбата и музиката се секогаш во прв план.

ZUCCHERO е веројатно уникатен и по фактот дека е пејач којшто има зад себе остварено соработка со најголем број на навистина неверојатно квалитетни артисти како: Miles Davis, Eric Clapton, Ray Charles, Sting, Texas, Queen, Peter Gabriel, Mark Knopfler, John Lee Hooker, Joe Cocker, Jeff Beck, Iggy Pop, Elvis Costello, Bryan Adams, Bono Vox, BB King, 2 Cellos, Ennio Morricone, Andrea Bocelli и други. Неверојатно, но вистинито, нели?

Концертот на ZUCCHERO во Охрид е, освен нашите традиционални спонзори за оваа година, помогнат и со покровителство на општина Охрид, како и сите останати проекти што ќе ги работиме таму оваа година.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 21 мај во 21 часот навечер.

Одиме понатаму,

Авалон Продукција

 

 

* реклами

 

 

Забава

Македонија