(ВИДЕО) Еве го настапот на Ај Кју на Евровизија, многу критики на нивна сметка откако не се пласиравме во финале

Објавено на 09.05.2018 во 12:51:37 часот | Забава

Бендот „Ај кју“, по синоќешното фијаско на Евровизија, при што не успеа да се пласира во финалето на 12 мај, заработи негативни критики од секој аспект.

Корисниците на социјалните мрежи се впуштија во меѓусебен натпревар – кој ќе напише поостра или исмејувачка критика на сметка на изведбата на „Ај кју“.

Освен од нивниот перформанс, многумина беа вчудоневидени од стајлингот на нашата претставничка на Евровизијата.

Дури и Би-би-си на својот профил на Твитер објави гиф и коментар опишувајќи го изгледот на пејачката на „Ај кју“.

– Не е наопаку облечено мамо, тоа е мода која ти воопшто не ја разбираш – стои во објавата на Би-би-си.

Критиките се за чудната одлука на пејачката пола песна да носи една наметка со која грбот и беше гол а напред беше затворена до шија, требало да си излезе со тоа блузичето проѕирно, бар има добро тело, ако песната им беше спора и неубава за во жив перформанс, иако претходно добро звучеше на плејбек.

 

 

* реклами:

 

 

Забава

Македонија