Геро преку Слободен Печат и Плусинфо заговара една тотална војна со владата, критика за се, пофалба за ништо, војна на принципите на тепачка меѓу снаа и свекрва!!!

Објавено на 09.05.2018 во 14:28:27 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Пазете колку се луди тезите кои ги заговара Геро преку своите колумни и насловните на Слободен Печат, а тие тези ги прифаќаат и шират неговите соборци во неговите медиуми заедно со Владе Милчин и сета таа Сорос банда.

Значи тезата е дека владата премногу дозволувала некој да ја фали?!?! И тоа не сите, некои тамо порталчиња од време на време ја фалеле, и тоа било проблем у пичку матер?!?!

Значи не дека замолчувала новинари, не дека плаќала со пари масивна пропаганда, не дека затворала медиуми, не дека финансирала своја црна пропаганда, туку ДОЗВОЛУВАЛА некој да ја фали, тоа било знак за недемократско поведение?!?!?

Значи, дали сте свесни колку е ова лудо?! Пазете, владата во моментов сите ја критикуваат за се и сешто, некои со лажни вести, некои со реални критики, некои претеруваат за ситници, некои сериозно наоѓаат причини за критика.

Само ние на Мактел досега сме ја криткувале десетина пати и тоа со сериозни скандали, критики, предлози владата да смени курс итн, еве потсетување на дел од тие десетици стории:

http://maktel.mk/News.aspx?id=102636

http://maktel.mk/News.aspx?id=102942

http://maktel.mk/News.aspx?id=102794

http://maktel.mk/News.aspx?id=102793

 http://maktel.mk/News.aspx?id=102927

http://maktel.mk/News.aspx?id=102838

http://maktel.mk/News.aspx?id=102592

http://maktel.mk/News.aspx?id=102114

http://maktel.mk/News.aspx?id=102849

http://maktel.mk/News.aspx?id=101127

http://maktel.mk/News.aspx?id=101133

http://maktel.mk/News.aspx?id=100105

http://maktel.mk/News.aspx?id=102866

итн итн итн...

Значи пазете, Мактел.мк во моментов има околу 10 000 читатели, далеку е тоа од некаков моќен мас медиум кој може да пере мозок на народот.

Зошто тогаш толкава нервоза?!?!

Не смее ли некогаш владата и некој градоначалник да се пофали за нешто?!

И ако има некаков скандал, сите ли мора исто да мислиме за тој скандал, дали е страшен, катаклизмичен, дали значи ова или она, зошто да нема дебата?

И зошто на крај краева, Геро заговара тотална војна со владата а молчи за гафовите на Кочо Анѓушев? Значи ќе пукаме на лична база само кон оние кои не не плаќаат и не ни се пријатели? Па какво е тоа "големо критично" новинарство?!?!

И што бара сега Геро, Заев да забрани да биде пофален?!?! Или да работи лошо намерно за никој да не го фали, пошто нема друго решение за никој да не те фали, освен или тотална цензура на тоа кој што смее да објави или тотално лошо работење па и онака тогаш никој нема да има за што да те фали?!

Стварно нема крај на лудилото на Геровата Алцхајмер банда!

п.с Па јас дури и владата на Груевски ја имам фалено за некои проекти како дрќавна кардио хирургија, новите автобуси на ЈСП, промоторите за странски инвестиции, легализација за едно евро, кредити за самовработување, делумно и акцијата купи-куќа-купи-стан, итн и тоа во сред диктатура кога ме тепаа, замолчуваа, казнуваа, малтретираа... Затоа што ако не си искрен пред јавноста, тогаш зошто да се бавиш со новинарство? Тогаш треба да си во друг бизнис, адвокатура, маркетинг итн каде мораш да глумиш и да лажеш, новинарството е една од оние професии каде те плаќаат и ценат за тоа што си искрен, реткост е тоа во животот.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија