ТРИБИНИТЕ НА САЛАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ПРЕД РАСПРОДАВАЊЕ ЗА КОНЦЕРТОТ НА БАЛАШЕВИЌ!

Објавено на 09.05.2018 во 18:23:03 часот | Забава

Ве информираме дека билетите за трибини, за концертот на Балашевиќ кој ќе се одржи на 19ти мај во ВИП Арената, се пред РАСПРОДАВАЊЕ!

Оние билети што останаа, како и Партер билетите, можете да ги набавите онлајн на avalon.mk и преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, по следниве цени и категории:

700 денари ПАРТЕР (стоење)

900 денари ТРИБИНИ (блок 1 и 15)

1000 денари ТРИБИНИ (блок , 5, 6, 7, 9, 10 и 11)

1200 денари GOLDEN SEATS (блок 2, 4, 8, 12 и 14)

Балашевиќ доаѓа по четврти пат во ВИП Арената "Борис Трајковски" од нејзиното постоење и овој пат интересот е убедливо најголем и очекуваме концертот да биде распродаден!

Неговите концерти се секогаш уникатни, но се чини, како никогаш досега оваа пролет е вистинскиот миг за Балашевиќ во Скопје!

Побрзајте со набавување на вашите билети!

Авалон Продукција

 

 

* реклами:

 

 

Забава

Македонија