Не се нервирајте за изјавите на командант Хоџа за Диво Насеље, обидете се да го разберете, му загинале другари, он само ја коментира нивната храброст која рака на срце ја имало во големи количини

Објавено на 10.05.2018 во 16:08:32 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Изјавата на командант Хоџа ги погоди во срце многу Македонци, и од левицата и од десницата. Но обидете се да го разберете.

Он ја објаснува храброст со која загинале неговите другари. Да се согласувал со идејата да се убиваат полицајци, он самиот веројатно ќе бил таму меѓу нив.

Он само ја објаснува нивната храброст и вештина на војување, што реално, држи вода, дечките се бореле навистина јако, направиле многу штета, два дена не можеа да ги неутрализираат, се направи многу штета, и во животи и во опрема и во куќите...

Очигледно е дека се работело за искусни борци окалени од војните на Балканот а и веројатно битки во Сирија каде можно е да се бореле на страната на ИСИС или другите милитантни радикални групи кои се борат против Шиитот Асад...

Но, било што било, да го оставиме тоа зад нас, ајде да ги оставиме сите омрази во минатото, да не отвораме стари рани, да ги закопаме заедно со Груевизмот.

Заев се обидува да превенира идни конфликти, идни Диви Насеља, со тоа спасува човечки жртви уште сега.

Заев е храбар визионер, Заев е спремен да се жртвува политички за доброто на Македонија.

Ајде да му помогнеме во тоа! 

Да не паничиме, да простиме, да одиме напред!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија