ДЕМАНТ: Мојата сопруга е невработена, никој од моето семејство не работи во државна институција или јавно претпријатие или АД со доминантна државна сопственост

Објавено на 11.05.2018 во 14:37:47 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Мојата сопруга е невработена, сеуште студира затоа што имаше прекин во студирањето поради бременоста и потоа обврските со грижата за нашето синче, Зоки Поки.

Никој од мојата фамилија не е вработен во државна институција на централно или локално ниво, нити пак некакво јавно претпријатие или АД со доминантна државна сопственост.

Исто така мојот портал Мактел.мк нема реклами и договори за спонзорство и соработка со ниту една државна институција, јавно претпријатие или АД со доминантна државна сосптвеност.

Исто така одговорно тврдам дека немаме соработка ниту со една фирма блиска со некој од луѓето кои се на власт нити пак примаме некакви пари под маса.

И така и ќе остане, немам намера да ухлебувам никого од моето блиско опкружување.

Со еден збор, шпекулациите дека власта ме ухлебила се неточни.

Патем речено, досега владата ја имаме критикувано десетина пати:

http://maktel.mk/News.aspx?id=102636

http://maktel.mk/News.aspx?id=102942

http://maktel.mk/News.aspx?id=102794

http://maktel.mk/News.aspx?id=102793

http://maktel.mk/News.aspx?id=102927

http://maktel.mk/News.aspx?id=102838

http://maktel.mk/News.aspx?id=102592

http://maktel.mk/News.aspx?id=102114

http://maktel.mk/News.aspx?id=102849

http://maktel.mk/News.aspx?id=101127

http://maktel.mk/News.aspx?id=101133

http://maktel.mk/News.aspx?id=100105

http://maktel.mk/News.aspx?id=102866

итн итн итн...

Тезите дека оваа власт има свои куртони се неточни.

Вистината е дека оваа владата работи генерално добро и затоа сеуште не заслужила жесток новинарски напад, ова е наше мислење, не мора за тоа да се согласиме.

Да се надеваме дека ќе остане така, трагедија ќе биде ако сегашнава власт работи исто или слично на претходната. Полошо и да сакаат нема да можат, за тоа треба дарба и талент каква нема на светот.

Лично не верувам дека ќе дојде до тоа, верувам во овие луѓе кои се сега на власт, но да оставиме да видиме како ќе се одвиваат работите.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија