Во моментов со Македонија не владее Заев, ниту СДСМ, ниту ДУИ, ниту Американците нити некој од ЕУ

Објавено на 11.05.2018 во 15:45:56 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Во Македонија во моментов владеат масите, народот и тоа хистеричниот дел од јавноста.

Заедно со опозицијата, и сите што ја рекетираат владата и и се одмаздуваат поради лични причини, било да се материјални или лична омраза.

И тоа треба да се знае.

Оваа влада се откажува од сите свои храбри потези затоа што е оставена без моќна ПР машина која ќе се соочи со јавниот напад и во една фер рамномерна борба ќе проба да ги брани своите политики, визии, идеи.

На некој начин, најголемите критичари го направија Заев популист, да ги слуша масите а тие секогаш се националистички, плитки во анализите, хистерични.

Заев одбра не да го води народот туку да го следи и мислам дека тоа е многу опасно.

Сега одговорноста за тоа каква ќе биде Македонија во иднина ја има народот а не лидерите.

Значи, тешко на оваа земја. Затоа што полошо од нашите лидери е само народот.

Вистински начин на водење на држава, според мене е кога власта храбро го води народот онаму каде треба да се води според сите разумни анализи на оние кои знаат, и тоа ќе му го објаснат на народот, и потоа во рамномерна демократска битка и дебата ќе се проверат аргументите и фактите.

Нити треба државата насилно без никаква дебата даја води државата, тоа е диктатура, нити пак треба целосно да се слуша народот за се, тоа е популизам кој води кон ужас, особено на Балканот каде народите се мразат меѓу себе а државите се мулти етнички и мулти религиозни.

Заев победил на избори заедно со ДУИ, си имало програма, треба да тера како што мисли и по 4 години да избори да видиме кај сме стигнале, вака со ретерирање секој ден од свои кадровски и програмски решенија, не владее Заев туку рајата, и тоа хистеричниот дел на социјалните мрежи и медиумите, значи не одиме никаде, ќе се вртиме во круг.

Најголемите ужаси во светот се случиле кога лидерите го следеле гласот на народот, такви се приказните и со Хитлер и со Слобо и со Грујо...

Народот у основа знае што сака и што му треба, ама не знае како да се стигне до тоа. Политичарите, учените, треба да му го дадат на народот тоа што му треба на начин со кој народот нема да се согласи, затоа што народот не разбира, да разбираше немаше да има потреба од учени луѓе и милион анализи и стратегии, секоој ќе можеше да води држава, а не е така.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија