Премиере Заев, освести додека сеуште не е касно за тоа!

Објавено на 12.05.2018 во 12:56:23 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Премиере Заев, се лажеш ако мислиш дека јавноста ќе има почит кон тебе за се што направи за оваа земја и ќе ти верува во твоите одлуки, не, гледаме дека не е така, народот две пари не дава за тоа што ти крвареше и беше спремен да умреш, заборави го тоа.

Се лажеш и ако мислиш дека јавноста ќе ги разбере твоите политики, кадровски решенија, владини мерки, дека од прва ќе укапира што сакаш да постигнеш...

Се лажеш и ако мислиш дека јавноста ќе критикува конструктивно и добронамерно, без некоја задна намера...

Јавноста е составена од опозицијата која сеуште се служи со лажни вести и манипулација како што се служеше и додека беше на власт, па самиот лидер на опозицијата пред една недела од ракав измисли афера за која сите му се смееја...

Јавноста е составена и од твојата партиска база која ти е љута затоа што не ја ухлеби.

Јавноста е составена и од ќосињата и тврдокорните кои сеуште сонуваат за денот кога ќе умреш.

Јавноста е составена и од разни левици, десници, бранковисти и останати кои имаат потреба злонамерно да ја криткуваат власта за свои лични поени и одмазда кон тебе...

Јавноста е составена и од разни рекетари кои ќе те критикуваат се додека не им дадеш нешто, или функции, или тендери, или не ги примиш во коалиција...

Јавноста на крајот на краиштата е составена од поединци кои сите заедно здружени на социјални мрежи, нов феномен кој до вчера не постоеше во политиката, сите заедно хистеришат, кризираат од најбанални причини, и тоа треба да се разбере, на народот политиката му е страна работа, не му е професија, народот 90 % од времето се бави со друга работа, лични проблеми, фамилија, борба за опстанок итн и не очекувај од сите нив да ги разберат од прва твоите политики, кадровски решенија, мерки, стратегии...

Не само што нема да ги разберат, туку секој со своите лични фрустрации, социјалните мрежи ги користи како вентил за празнење на нервозата, она што беше пцуење пред кооперација сега е врзано во една гигантска кооперација која се вика ТВИТЕР и Фејсбук!

Јавноста најважно е составена и од над 200 медиуми, што весници, што телевизии, што портали, што радија кои сега се тепаат кој повеќе ќе те критикува и ќе ти најде маана, затоа што во Македонија е грев да се пофали владата па макар и го нашла ГРОБО НА АЦЕТА ПУН СО ЗЛАТО И ДИЈАМАНТИ!

Значи во тој цел хаос, ТИ ДРУЖЕ ЗАЕВ КОНЕЧНО ТРЕБА ДА ПОЧНЕШ ДА СЕ БРАНИШ А НЕ САМО ДА ЈАДЕШ ЌОТЕК!!!

Затоа што, да не се браниш и да не пружиш отпор на критика во ваков амбиент е СУЛУДО, САМОУБИСТВЕНО, ТОТАЛНО КАМИКАЗИ!!!

Почни да се бориш друже Заев, крени го гардот, почни да ги примаш ударите барем у рукавица а не дирек во образ, па на некои критики дај и контра удар, не е тоа толку страшно, вербално секако, почни да ги браниш своите политики, своите успеси, своите политики, почни и да враќаш на злонамерните навреди, ајде, политиката не е милосрдие, таа е шах и бокс во едно...

НЕ Е ГРЕВ ДА СЕ БРАНИШ ПРЕМИЕРЕ, НЕКА НЕ ТЕ ЛАЖАТ ГЕРО И МИЛЧИН!!!

Грев е да тепаш новинари, да казнуваш новинари, да затвораш медиуми, да плаќаш пропаганда со народни пари, да наградуваш со тендери газди на медиуми и новинари, да не одиш на дебати и критички интервјуа, да нарачуваш прашања!!!

ТОА Е ГРЕВ ПРЕМИЕРЕ, НО НЕ Е ГРЕВ АГРЕСИВНО АГИЛНО ЖЕСТОКО ДА СИ ГИ БРАНИШ ПОЛИТИКИТЕ, РЕШЕНИЈАТА, ОДЛУКИТЕ!!!

Затоа што ако не ги браниш, брзо ќе паднеш од власт и ништо од реформите и од живот за Македонија!!!

Или па цело време ќе ги повлекуваш решенијата и мерките и ќе ретерираш и ќе капитулираш и пак нема никаде да стигнеш така.

Или пак ќе носиш само мерки кои ќе им се допаднат на масите од прва, а тоа се вика ПОПУЛИЗАМ, и тоа нема далеку да не одведе!

Затоа драг премиере, седнете со Роберт Поповски, Миле Бошњаковски, Марјан Забрчанец, Зоран Бојаровски и договорете се кој ќе гостува редовно по дебатни емисии, вести, кој ќе пишува редовно колумни, ќе се обраќа редовно на јутуб на фејсбук со дневни адресирања на критиките во јавноста и ќе ги објаснува владините мерки и ќе се бори со јавноста со крајна цел јавноста да биде убедена дека владините мерки имаат логика, цел, здрави аргументи, визија и ќе дадат резултати.

Ајде премиере, натерај ги споменатите дечки ДА СИ ЈА ЗАРАБОТАТ ПЛАТАТА!!! Затоа што нивна работа е ДА ГИ БРАНАТ ТВОИТЕ ВЛАДИНИ ПОЛИТИКИ а не да седат у кабинет и да пишуваат соопштенија од твоите безброј јавни настапи, дај почнете бре да се борите, една година само ќотек јадете, ве отепаа, ве уништија разни хистерични празноглавци и мрчатори!!!

Освести се премиере, сеуште рејтингот ти е висок, но затоа што не се бориш, е во пад, и брзо ќе тресне од земја со се твојата влада ако не почнеш да се бориш за тоа во што веруваш. Ајде, лесно е, па ти треба да браниш добри политики, замисли да требаше како Грујо да браните бомби и криминал а тоа тие го правеа успешно со години, а вие не сте способни да одбраните добри квалитетни владини политики какви ги баравме 10 години!!!

Значи да резимираме, режимот беше во една крајност, имаше воведено диктатура, цензура, угасени медиуми и плус имаше два центри за медиска битка, еден партиски штаб еден владин.

Вие премиере сте во друга крајност, не само што немате диктатура, цензура, не гасите медиуми, немате ни центри за пропаганда, ништо немате, па дури не се ни борите вие, вашите луѓе со контра аргументи и со контра тези на хистеричните критики, туку само молчите и трпите ќотек цела година?!?!

Вие премиере една година владеете САМОУБИСТВЕНО, КАМИКАЗИ, буквално шетате во сафари парк со лавови и тигрови без пушка и без стап, и ве јаде кој стигне, до кога мислите да терате вака?!?!?!

Партиската база ти е љута и вришти затоа што не ја вработи, а не смееш да го направиш тоа.

Јавноста не ги гледа успесите, ги гледа само ситните грешки, за едно ебано оро на три тетки и двајца трубачи пред тунелот во Демир Капија една недела народ сече вени, многу повеќе од што го направија тоа за најголемите скандали на режимот.

Некој мора констнатно да го потсетува народот за се што направивте за само една година, да потсетува на минимална плата, пензија за 4000 стечајци, старосна пензија, ефтина струја, укината РТД такса, раст на просечна плата, одмор за сиромашни фамилии, покачена социјална помош, ослободени од партиципација сите невработени, покачени пензии, покачени плати во АРМ, подобри услови и опрема за МВР, спасен ФЕНИ, 10 нови странски и 10 нови домашни инвестиции, конечно решен проблемот со Бугарија, во финална фаза проблемот со Грција, затворен охридски договор со законот за јазици, поднесени над 50 кривични пријави за екс функционери за пљачка кои се во процесиуирање итн итн...

Мораш да почнеш да се бориш затоа што ќе загинеш многу бргу политички, може тебе тоа не ти значи ништо затоа што ја имаш бизнис импаријата на Заеви, но на Македонија и требаш барем еден до два мандати за да излеземе на прав пат, затоа што оној Мицковски е исто гомно како Грујо, ако тој се докопа на власт пак ќе се бориме наредни 10 години со режимска џукела а прашање е дали некад ќе се ослободиме, затоа што можеби нема да има пак бомби кои ќе не ослободат...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија