КУРВИНСКИ, КАКО ШТО САМО ОН ЗНАЕ, ГЕРО ГО ПРОГЛАСИ ЗАЕВ ЗА ПРЕДАВНИК!

Објавено на 13.05.2018 во 02:42:37 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Наводно нудејќи му поддршка, Геро во својата најнова колумна, подло и курвински го прогласи Заев за предавник!

Тоа го направи на два начина. Прво дефинира што е за него предавство во случајов, и потоа го предизвика Заев, да му докаже дека не е предавник, иако според зададената дефиниција, тој беше свесен дека Заев ќе потпадне под категоријата предавник?!

Гнасно човече. За него предавство било менување на македонскиот идентитет, а за него менување на македонскиот идентитет било ако се смени уставот на тој начин што новото име ќе се користи и внатре, во самата земја.

Со тоа, ако ние на нашите лични докумнети и во нашите учебници и институции сме имале наместо РМ, РГМ, или наместо Република Македонија ќе имаме Република Горна Македонија, тоа значело автоматски смена на нашиот идентет?!

Со ова, Геро застанува на тезата на Ристо Никовски кој 10 години не убедува дека идентитетот на народот се влече од името на државата, а ние 10 години го убедувавме дека идентитет е нешто бесмртно и не зависи од државата, ниту како се вика ниту дали таа воопшто ќе постои.

Како инаку постоиме како народ со векови а држава имаме само од 1945-та?! А независни сме само од 1990-та?!

Што бевме тогаш во Југославија, Социјалистичко-народно-македонци?!?! Затоа што се викавме Социјалистичка Народна Република Македонија, цели 50 години. Што бевме пред тоа, кога немавме држава, немаат-државо-македонци?!

Оваа небулоза на Геро е само правење паника и всушност иако му нуди јавно помош на Заев, тој всушност подло и курвински како што само он знае и може го прогласува за предавник и му најавува медиска војна затоа што знае дека решението е спротивно од неговите барања. Зошто инаку би ни требале две години да го спроведеме решението, токму затоа што за тие две години ќе треба да се бориме да ја убедиме дома јавноста дека треба да се промени уставот и сите останати закони со кои ќе треба дома да се промени името, затоа што Грците не сакаа да попуштат за тоа.

Но ни го признаа јазикот, идентитетот, не пуштија да влеземе во НАТО и ЕУ, го задржавме поимот Македонија, значи ако се погледне од една поголема перпсектива, и двете страни сме добитници, никој ништо стратешки и битно не губи, ова е класичен ВИН ВИН договор и браво е што се успеа тоа да се избоксува.

Според тоа МПЦ ќе остане МПЦ затоа што не е на државата туку на етносот кој останува Македонци, јазикот останува Македонски, и се што се однесува на нас Македонците останува токму тоа. Според ова, паѓаат во вода сите деценски тези дека како народ ќе бидеме избришани, дека ова е етнички геноцид итн итн...

Иако МПЦ може да избере да се постави над-етнички и да се прогласи за Црква на РГМ со тоа ќе бидат црква и за Власите, Србите, Бугарите и Албанците православци во Македонија, но тоа е друга тема која како атеист и многу не ме тангира...

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија