ГЕРО ИНАТЛИВОТО МАГАРЕ, СПРЕМНО ДА СЕ ПОЛИЕ СО ГО..А И САМ ДА СЕ ЛИЖЕ, ОД ИНАТ И ДА ТВРДИ ДЕКА Е ТОА НУТЕЛА!

Објавено на 13.05.2018 во 22:26:34 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Просто не ми се верува до каде е спремен да оди Геро само да му наштети на Заев, од инат!!!

Само затоа што Заев не му се јавува редовно и не го вика на консутлации, овој е спремен да се само-запали!

Значи погледнете што прави овие денови во очи на финалното решение за името со Грција, оди спроти своите тези кои ги шири речиси 20 години, се тоа е спремен да поплука само да му наштети на Заев, од инат!

20 години тој ја убедува македонската јавност дека треба да го смениме името и дека нашиот идентитет не е врзан со името на државата, Македонци сме биле и пред да имаме држава, Македонци сме биле и кога државата ни се викаше Социјалистичка Народна Република Македонија, Македонци ќе останеме и ако го смениме името во Горна Македонија, Сверна Македонија итн итн, затоа што други Македонци, нема!

20 години ова го збори Геро, што во колумни, што во дебати, и сега е спремен сето тоа да го поплука и да застане на ставот на Ристо Никовски, еееј таа будалата режимска која 10 години го плаши народот дека ако го смениме името готово крај со нас!

Да, нема да ви се верува, но Геро сега го менува пристапот, и пишува две колумни во ред на Плусинфо во кои не убедува сите дека ако го смениме името на земјата и тоа не се користи само за надвор, туку и за внатре, ние со тек на време ќе сме станеле Горномакедонци.

Па што не сме станале Социјалистичкомакедонци?! Тоа име беше пишано и во пасошите, и во личните карти, и го книгите и секаде, па ние пак бевме Македонци. Името на државата нема да го смени нашиот идентитет, затоа што нема Јужна Македонија, нема Источна Македонија, според тоа нема ни Јужномакедонци, нити Северномакедонци, како што е тоа случајот со Севернокорејци и Јужнокорејци.

Едни сме ние Македонците и такви ќе си останеме. Сите тие стравови со кои сега ќе ве плашат се само рекетарски обиди да се уништи шансата за компромис за да му се наштети на Заев, разбирате ли?!

Може теоретски после 100 години НАТО и ЕУ ќе се распаднат и пак ќе го смениме името, но ние како Македонци ќе си останеме за навек. Сојузите ги има и ги снемува, имињата на државите се менуваат, па дури и државите може привремено да ги снема па пак да се појават, но народите не можат туку така да исчезнат, тоа нити на Хитлер не му успеа со Евреите, нити никому ќе му успее, тоа е речиси невозможно!

И тоа е јасно како бел ден, но ваквите инаетливи магариња кои се спреми со гомна да се полијат и сами да се лижат од инат и да тврдат дека е чоколадо, што ќе се праи со тие ѓубриња?!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија