Нешто многу чудно се случува во Македонија овие денови

Објавено на 14.05.2018 во 15:04:52 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Овие неколку денови нешто чудно се случува во земјава.

Бев очевидец на некои многу интересни феномени кои сакам да ви ги раскажам и потоа анализирам.

Имено, овие денови случајно се дружев со неколку новинари кои важат за првата 10-ка во земјава, од аспект на бренд имиња, време на работа, тежина, кредибилитет...

И со сите нив заклучив две работи - се согласуваат со моите колумни и анализи, имаат добро мислење за владата на Заев и не се согласуват со она што го зборуваат Владе Милчин и Бранко Геровски.

И тоа не беше најголеми изненадување за мене, иако беше пријатно да се чуе тоа, но вистинското изненадување следеше потоа.

Во истиот период додека го слушам тоа од нив, тие истите големи новинарски имиња за кои ви зборувам, во јавност настапуваат со целосно опозитни ставови од тие што ми ги кажаа мене - партал ја прават владата и не смеат да помислат да влезат во дуел со Милчин и Геровски.

Ова многу ме загрижи. Излегува дека за нив полесно беше на времето да тргнат против диктаторското дуо Грујо-Мијалков отколку сега да тргнат против дуото Милчин и Геро?!?!

Исто така се чини овие големи имиња се плашат да ја пофалат владата и нејзините политики затоа што некој одма ќе ги нарече новите владини куртони, па доста чудно за мене, во јавност тие фрлаат со дрва и камења по некои владини политики, а за кои владини политики и потези во приватен разговор се дури и одушевени, до таа мерка што дури се и згрозени од јавната негативна реакција за тие исти политики?!

Не ми е јасно ова, не можам да тго разберам, иако би можел да пробам, дека сепак преставува бранење на своите лични интереси и своето реноме за секогаш критички новинари, но сепак е еден вида на мамење на јавноста и неискреност, а јас пак, пуст идеалист, верувам сеуште дека јавноста не треба да ја лажеме и не треба да се преправаме.

Чудни се овие појави, чудна е Македонија...

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија